трудољубивост ж.

трудољубивост (ж.)

Уште во раното детство се одликувал со трудољубивост, човекољубивост и големо другарство.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Набрзо по пристигнувањето во Виена, Бетовен почнал да учи композиција со Хајдн, фрлајќи се со голема трудољубивост на работата што ја имал полни раце; но мајсторот и ученикот не се согласувале многу добро. Од самиот почеток имале многу разидувања.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Беспрекорната трудољубивост ѝ овозможи бргу да напредува во својата кариера.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И од тој најширок спектар на емоции во една референтна рамка или основна архитектура на менталниот живот во чии темели се посветеноста, чесноста, лојалноста, грижата, одговорноста, самодовербата, сочувството, љубезноста, трпението, трудољубивоста, смирението, воздржаноста, хармонијата денес како да е отсечена сиопсата, врската со емоционалните центри во мозокот со што се предизвикува хаос во процесите за расудување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но се случуваше да згреши понекогаш нешто во работата и мајсторите заборавајќи на неговата поранешна прилежност и трудољубивост, почнуваа со истата жестина како и другите помлади да ги караат и да го навредуваат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Океанија е заштитена со широчините на Атлантикот и на Пацификот, а Истазија - со плодноста и трудољубивоста на нејзиното население.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сепак, делото на Бетовен покажува интелектуалност од највисок вид, а тоа, било во музиката било во литературата, не се создава лесно или спонтано; тоа е со бавен раст, производ на созреан ум, што се постигнува само со бесконечен труд и постојан стремеж кон совршенство, со највисоките идеали пред себе.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)