трговец м.

трговец (м.)

Трговците Евреи, што ги носам по градовите да пазаруваат велат дека до тоа нема да дојде.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Како да не ти верувам?“, му велам, зарем не видов како профучи над нас онаа граната, којзнае од каде залутана, и се распрсна токму над огништето на Пинговица, над мудбакот нејзин, а мажот ѝ, Сотир арабаџијата, оној што ги носеше трговците по пазарите, дотрча по поплочаниот двор и не знаеше како да влезе во мудбакот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Самиот исечок е многу мал, а веста е практично од неколку збора, дека трговецот Никола Поцо бил притворен и држан две ноќи во полицискиот затвор на улицата Хане заради, како што се вели, обид за силување на својата прислужничка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Целиот кајмак на Скопје ќе биде таму. Трговци, банкари, светски луѓе.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Власите повеќе живеат во градовите и се трговци, а ние повеќе сме во селата и сме селски стопани.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сѐ уште сакав да верувам дека сето тоа е игра и забава на извртените трговци со ништо.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Помислив како трговецот им се потсмеваше на надмените христијански господари на кои, трошејќи ја умешноста на облекување, чешлање и правење заговори на хиподромот меѓу две трки, не им паѓаше на ум барем да се потсетат на својот народ.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Поп Данаил Москополчанин не може баш да се сети дали кога првпат беше во Венеција беше измислен фудбалот на мали голчиња и на што мислеа Венецијанските трговци кога претскажуваа светска економска криза.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Стариот рѓосан клуч штракна неколкупати, вратата од ќелијата се отвори, клучарот го пушти да влезе трговецот и пак ја заклучи вратата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Дури и го почувствувал мирисот на оние треви со чиј мелем се ублажувале изгореници на кожата со име волчо срце или така некако, волчи јазик, волчи трн, облипиха во јазикот на руските трговци и војувачи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Подобро било да поверувам и да паметам дека сите тие девојки (а помеѓу нив се наоѓала и мајка ми) што ги служеле арабаџиите и трговците додека работел анот на Дуко ми биле по малку и мајки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За да ѝ избегам на бучливоста и на задоцнетата горештина во тој град на Егеј, и јас и сѐ што живееше или беше дојдено во него под вршник на септемвриски ден, влегов во старинарница во која, слични на живи кукли стари Американки во невозможни шарени ткаенини(„пура лана“ што би рекле ситните венецијански трговци но од чиста синтетика) на кои им изгледав занимлив за разговори или достатно сериозен за совет во купувањето на триптохон од оревово дрво со Богородица насреде, попусто, навистина попусто ја вртеа кон мене иконата,
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Јас знам дека трговците се неоспорни лажговци. Не сум ти јас од вчера!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А месото на фронт, кожите им ги продадоа на трговците, а волната со месеци ја перат жените, а во бараките ја предат и плетат чорапи и фанели за оние што се на боиштата...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога трговците доаѓале или се враќале, сите луѓе од островот со песни и со игри ги испраќале или ги дочекувале.“ - Продолжи Бузо...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кажа дека се родила во Прага, татко ѝ бил трговец, мајка ѝ работела во заводот за заштита на работниците.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Пишувајќи за животот на Делчев, писателот користи и повеќе познати анегдоти и духовити досетки низ кои се открива итроштината и неустрашливоста: излегувањето од опколениот град како мртовец, влегувањето во Солун кога е преправен во селанец чија кошница е полна со велигденски јајца, па како главен инженер за изградба на патишта, чуден трговец, или пак сцената кога седи и пие кафе со главниот скопски дервиш.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Трговецот со добиток се покаја што толку лесно падна во стапицата на врагот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Меткајќи се меѓу својата безвредна стока, со долгиот нос и дебели очила и со поднаведнатите раменици под сомотскиот жакет, тој секогаш оставаше впечаток како да е повеќе собирач, отколку трговец.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Жената на трговецот минуваше од устата до уста, разголувана и сакана.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе