температура ж.

температура (ж.)

Штипкањето на студот кое кажуваше дека температурата паднала под дваесеттиот и некој степен го сети само на носот и на горниот дел од образите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Високите температури беа причина за разголување на младоста.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се искачи на брегот да види дали од сливањето на дождот во дувалото ќе има поголема пареа и да види дали температурата се покачува.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тие беа толку мали што беше вистинско чудо од каде им доаѓаше топлината за да си ги заштитат малите тела од смрзнување кога температурата беше под нулата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
За да биде работата посмешна, минувачите околу нас пет пари не даваат за ниската температура: шетаат развиени батки по тесни маички те разноразни разголени тети на ролерки, додека јас и мојата животна сопатничка го набљудуваме светот околу себе ѕиркајќи низ тесните процепи помеѓу нашите шалови и наметки, облечени како двајца Ескими сред сезона на парење на поларните мечки.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ја мереше и се јадосуваше што водата, место да ја зголемува температурата, како што очекуваше, таа ја намалуваше и тоа беше знак дека нема да избие лава и да ти помогне во твојот научен потфат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Интересна техничка новина претставува проветрувањето на блоковите со помош на специјална апаратура, која влегува во дејство сообразна на температурата и влагата на блокот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Го чукна по градите и му ги провери пулсот и температурата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сакав да викам на помош, ама грлото од страв ми беше стегнато, а сето тело ми трепереше како да ми студи, иако температурата во Египет тој ден беше околу четириесет степени.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Виде- не виде, се откажа Мил од тоа и продолжи натаму да експериментира во лабораторијата подложувајќи ја смешата на овие аноргански елементи на ултравиолетовото зрачење и електрицитет и високи температури за да предизвика импулс во синтезата, во создавањето на органската супстанца.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но сега тука и таму можеше да се случи да минува низ салите и, вон правилата, да нѐ потпраша никого за нешто, за зачестеноста на кашлањето, на пример, или за температурата на цревото.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И така од колено на колено, секој август, рибарите постојано гледаат кон небото, трагаат по најмалото облаче, го фиксираат со погледите, се мери температурата под сенка, на секое дожде му се открива значењето во идната година.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Беше студено, со ниски температури и снег. Цела Источна Европа беше на велесаемот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Нашата загриженост за неговото здравје сѐ повеќе раснеше, и не забележувавме дека Хајнерле од ден на ден сѐ повеќе слабее, температурата на челото ја сметавме за дел од возбудата заради промената на средината, кашлањата за дел од настинка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ниту на училиште, ниту навечер кога се собираа пред влезот, малку да се растрчат - а воздухот беше стежнат - метеоролозите навестуваа и во септември високи температури. ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
XXIX Свинската чума одново се јави во селото, зафати да се шири, и од свињите да се пренесува на луѓето: започнаа луѓето нагло да умираат; секој ден се огласуваше камбаната, секој ден имаше погреб; заразата се ширеше од еден на друг: ги зафаќаше луѓето силна треска, висока температура, огница, паѓаа во бунило, им се воспалуваа дробовите, им се надуваа очите, по кожата им се нафрлуваа темни дамки, бубулки, кои расцутуваа во гној и се распаѓаа; им се воспалуваше грлото, кашлаа непрекидно и длабоко како да рикаа корнејќи ја утробата; им отекнуваа жлездите под пазувите и на вратот и не можеа да се помрднат; жлездите им загнојуваа, им ја труеја крвта и умираа во тешки маки.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Менувањето на правецот на ветровите и притисоците на воздухот, заедно со ненадејното пореметување на температурата, таа нејзина брановидност, ја чинеше недопирлива.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Таа одеше во прво одделение кога нѐ фати маларија и цело лето нѐ тресеше а потоа добив и температура.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во Скопје и околината, најави спикерот, и утре ќе продолжи студеното време, со температури под –10.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ја регулирав собната температура. Завесите ширум ги раскрилив, иако не трпам сонце.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Повеќе