танцување ср.

танцување (ср.)

Заборавивте на вашите ритуали со маски Го изгубивте ритмот на танцувањето на идолопоклониците...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Таа таму одеше во школа за танцување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Игравме на неколку песни што беа адекватни за танцување.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Кога дошол во Виена и додека живеел кај принцот Лихновски, направил многу отстапки за јавното мислење – купил дворски костум, па дури земал и часови по танцување, но никогаш не научил да танцува, ниту научил како да го носи дворското одело и набрзо со гадење се откажал од двете.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Времето за танцување помина, времето за љубовење помина и тој разбра дека веќе нема време за ништо, дека животот му се изменил, не по негова волја, туку по волјата на колективната судбина.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Полетуваше по неа, полн со топлината на таа своја тивка игра, во која потреперуваше и некаков безшумен лет на преперуга, некакво бело танцување, и некаков безграничен устрем на галеб, во таа бес тежинска собраност на сѐ, што постоеше од него, само во тој поглед.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Симфонијата е проширување на сонатата.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)