табиет (м.)

Парата драстично го менува човекот но не го менува табиетот на волкот нешто малодушно те оддава од внатре да покаже дека си ѓубре од човек
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Ние не се ашкаме по кафеани по плажи и на други места Ние си го вардиме сопствениот еукалиптус и ништо повеќе Но и по табиет не сме дрдорливи и претпочитаме да си молчиме
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Во листата, меѓу другите, се најдоа и зборовите: арам, муфлуз, резил, тамаќар, башибозук, шашма, далавера, алашвериш, ќелепур-софра, џева, беља, гениш, курназ, маскара, едепсаз, марифет, сафра, рушфет, џамбаз, суртук, мамлаз, чалам, табиет, чаре, јаваш, ајде, таксират, тарапана, ујдурма, усул, чешит, џабе, џган, џумбус, батакчија, бадијала, зулум, налет, угурсуз, шерет, гајле, гајрет, грбал, душман, далавера, дереџе,зандана, зијан, ифрит, калауз, курбан, курназ, маскара, мамлаз, намќор....
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
А има орди со терсене табиети, како што на секое ветробранско стакло на автомобилите има птичја гнаска.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И сѐ што се случува на тоа патешествие низ животот секој со сопствениот к’смет и табиет е непознато, симболи, пораки и вистини на непроговорени јазици, само времето ќе ја открие нивната цел, ќе одживееме и ќе отпловиме некаде во вечноста, во утробата на универзумот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Историјата бездруго познава такви табиети од најстарите времиња до денес.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тетка Фора го запробра огнот во огништето и зацрцори умилно како што ѝ беше табиетот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се наложила догмата дека исконски табиетот може да го одржи само верувањето во еден Бог!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Институциите брзо се менувале, но табиетот на владетелот како пресуден си останал непроменет!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој ме познава мене, ми го знае табиетот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Заедно на вода, на река; по орото заедно си седеа и многу си ги бендисаа табиетите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но најопасно е кога кај човек од неговите длабини, од инстинктите ќе се влее во неговиот табиет амбицијата да владее со народот, со светот, небаре до крајот на времето!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во право си, мој Камилски, без оглед кај кој народ или нација ќе се појави, табиетот си останува табиет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во историјата на човештвото, големите победи на владетелите, кои често се претставуваат како резултат на генијални стратегиски планови, често биле резултат на чудните и случајни одлуки според нивните табиети!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Му го познавав добро табиетот, и знаев дека нема да се откаже; во еден миг, веќе зажалив што повторно се сретнав со него, и реков: „Добро. Но само четврт час“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И сигурно табиетот да се владее останува речиси ист?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нејсе, ако се толку магариња, и попот, и Илко да не дадат нишчо, алав нека им е табиетот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По овие зборови Веле го повиши гласот: - Сега сакам да знам дали е во мене грешката или во вас, старите мајстори, во вашиот табиет, да не сакате да дадете и на друг да се развива и да оди напред...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
САВЕТКА: Така де. Јас сум една жена проста, никаде неизлозена, и што се вели зборот: сестра сум ти, и пак не ти го бендисувам табиетот твој запеслија.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Откако Татко, реферирајќи за овие зборови, му ги изложи основните податоци, за нивното присуство и попатни лексички и семантички метаморфози на балканските јазици, надоврзувајќи се со претходно третираните поими (ајде-јаваш, јаничар, зандана, кадија...), со кои беше во голема мера претставено владеењето на Османската Империја, рече: Отсекогаш владеењето најмногу зависело од табиетот на врвниот владетел, отколку од институциите под него.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе