старичка ж.

старичка (ж.)

Се вратија дома. Уште од портата чичко Тале викна: - Каде сте? Цревата ми кркорат од глад! - Еве, - одговори старичката - ти ја носиме баба Наца.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Старичката погледна наоколу и кога виде дека никој не ја гледа, прошепоти: - Дојди, дојди, наведни се, баба да ти кажи...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во разговор ни поминаа петнаесетина минути. Нѐ прекина старичка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Старичката се подигна на прсти и, ставајќи рака на уста, му шепна на уво: - Моча, моча во постела...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ги виде една старичка од својот прозорец и се прекрсти - безработниците одеа да крадат бостан!
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сте ги забележале ли оние наши осамени старички во црно везден што стојат потпрени на оградата и загледани в земи никогаш и ништо што не зборуваат?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
И затечените старички и старчиња кои чекаат на ред да се прекрстат пред Богородица, се крстат и шепотат молитви пред да се тргне Пелагија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Така загледани, седиме ние на прагот од тоа што беше куќа, а јас се обидувам да се вгледам во очите на старичката и низ нивниот блесок да влезам во нејзината душа и да проникнам во нејзините чувства.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Чекори тој пред старичката, нешто мрмори и инаетливо ја гмечи под себе правливата патека спржена од летната жега.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дечиња си играа, се валкаа, прескакаа едно преку друго сѐ дури огнот не ја префрли оградата и не се нафрли на усамената куќарка на старичката.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Една старичка буташе внимателно по правлиот тротоар старовремска детска количка полна со компири, неколку деца шутираа корка од лубеница, едно црвенокосо момче се мачеше да го намести на запчаникот на својот бицикл откачениот синџир.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Старичката ја донесе софрата, јa покри со бел пешкир и стави чинија со сирење и половина погача.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сте ги забележале ли оние наши старички во црно везден што стојат потпрени на оградата и загледани в земи никогаш и ништо што не зборуваат?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Презимето Мурџови беше доволно да ги потсети луѓето на една крупна старичка по име Петра која ги предупредила да не обрнуваат внимание на болвите што ќе ги сполазат оти не биле толку опасни како вошките па мораа да признаат дека побегнале на врат на нос без да си ја завршат работата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Кога се урна, кога стрешти, кога се дигнаа некои црни пепелишта нагоре, старичката само се прекрсти и си легна на земја: огнот барем земјата не ја гори, рече кутрата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Верува дека топлата и блага приказна што ќе ја смисли нема да ја зголеми болката во градите на старичката, туку дека ќе ја претвори во радост и блажина.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Една старичка клечеше пред една исповедалница, не се слушаше што говори, за што се исповеда...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Велам: старички му подава вода и сол на намерникот и го прашува каде е нејзиниот син...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Изненадувањето е многу поголемо кога во лицето на една старичка гледаш исчекување, а чекањето што е ако не е сигурност и неограничена надеж во постоењето?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јас ништо не разбрав за душата за Рајот Божји каде што е сега Наум, но сфатив дека мора да е некаде многу далеку и дека старичката одамна го нема видено.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Повеќе