стариот (м.)

Стариот носел шише со ракија и неколку чашки.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но стариот легна во дворот и ги зачека клоците од забитот и војникот што зборуваше по каурски и почна да писка и лелека.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кутрите глави како светнаа! Стариот, се виде, во таа работа имаше извежбано сѐ до поединости. Глава од глава.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Стариот веќе беше доста одминат кога братучедите решија да се погледнат под веѓи.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Погледот ми е прикован за тешката рака на стариот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И тука го дочекува часот кога стариот ќе му заповеда да ги залости ќепенците. Молчејќи се упатуваат дома.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Крвта зовре во сите девет души. Се наведе стариот и му стори грб на еден од неговите другари.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој ја подели нарачката на стариот на два дела, и му дозволи да се извлече уште овој пат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И за вистина, Силјане, клетвата од старецот, што ги колна прадедови ни, ни се исполни и до неколку години сите деца од лошата сипаница изумреа и останале сите како црни кукавици без челад; да му е милост на Бога, зер нејќел да нѐ сотре сите, ами и дошол на старата од стариот на сон за да им каже на дедови ни да појдат кај изворите и во едниот извор да се искапат, та ќе се сторат штркови, и да прелетаат бело море и црно, та да појдат во вашата земја и тамо челад да родат и да ги изгледаат, та пак овде да си дојдат и да се искапат во другиот извор, та да се сторат пак луѓе.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Зад него остана бучењето на дивата рекичка, старата камена воденица и чудната домашна драма на стариот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тие и други зборови беше рекол стариот и беше си умрел, и тамо беше го закопале.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Арсо и овој пат е сигурен дека стариот ќе се дотетерави дома во никое време и стишен, темен ќе падне в постела.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Утре, дај Боже здравје, одење в град и назад нема да се вратам од овие тешки лакрдии што ми ги рече стариот, да знам оти за вистина клетвата негова ќе ме фати; пиле да се сторам, бело море и црно да прелетам, ама уште еднаш при татка не дојдувам.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Нејзините домашни сѐ помалку ѝ беа од помош; старите старееја, а браќата и сестрите ги зафати бранот на градскиот успех па си ја гледаа работата и живеачката.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Таа стана со зачуден израз на лицето, зашто стариот остро идеше на неа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ставаат пред мене чаша рум, стариот ме тапка по рамото, предавањето на тоа богатство ја оправдува интимноста присутна овде.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Синот од срам сакал да се направи дека не пуши, но стариот вака го поклопил: - Запали кога веќе си почнал да ја смрдиш таа смрдеа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Можеби најчесто стариот разговараше со поточето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кажи му на стариот дека си со мене и да не те чекаат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Стариот се смеел... Не знаел како да ја изрази својата радост.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повеќе