сламен (прид.)

Но наоколу беше пусто, се простираше мирна летна ноќ и никој не го виде овој осамотен ноќен посетител на сламената колиба.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Кавгаџиите гледаа со закрвавени очи во агентот а тој го збираше челото во густи ситни брчки и држејќи ја раката во задниот џеб на панталоните стегнати во тврди тесни чизми ја клатеше ќелавата глава, тогаш покриена со сламен шешир.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Само малку е приподигнат со главата и потпрен со сламена перница под плеќите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Селата тогаш лесно се палеа и лесно гореа, бидејќи куќите беа од плитари и со сламени покриви.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога се влече кофата од дното нагоре, се намотува синџирот на дрвениот трупец, попречно зацврстен за двата дрвени столба кои се издигаа од двете надворешни страни на бунарот, за да го придржуваат сламениот покрив.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
На масата до нашата седнуваат двајца млади: таа во жолт костим и шешир во иста боја и сламена торба подврзана со шарена марама, а тој во спортски гакици, ама не во тон со неа!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Само летно време, играјќи брканица, децата се криеја во неа, а наесен немирникот – ветер кога ќе зашумеше во оголените гранки на тополите, и ги кубеше сламените старечки плеќи, се напињаше да ја одвее, но Аврамовата колиба зачудо долго време се додржа и остана сред бавчите како спомен на страшниот полјак со големи обесени мустаќи.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Еднаш сакаше да ти купам сламена шапка со црвена линија на работ.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тој се тргна исплашено, се исправи дополу на своето сламано легало.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Кровот направен од сламени долги нежни стебленца, кои од двете страни се потпираа на еден трупец, на врвот се соединуваа, па така изгледаа како капа на бунарот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
1 Зад последните куќи на нашиот град, сред бавчите, покрај два реда вити тополи, што стојат високо исправени крај јазот има една голема сламена колиба, во која што сега никој не живее.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
На другата страна од селото, во една таква штала со сламен покрив живееше Кире. Тоа е мојот татко.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Најверојатно искра од огништето. Сламениве покриви од светулка ќе пламнат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Помеѓу сламените покриви на куќите и притаените ридишта се протегала пржелика, дива неродница со мравулници, запрена со запрложен џанкарник без цут на гранките - таквите суви почви не држат на себе ни човек ни тревка. Негде со очај се гласела ветрушка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Недалеку од нив еден ситноглав и беззаб старец со сламена шапка и матна болка на сувите, пропаднати образи, милуваше на своите коленици ранета грлица.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Едниот е со широкополна сламена шапка, која се дига еден лакот над црната шапка на другиот, дебеличок, со пасторска наметка врз плеќите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Под црвната и маслена шапка меката светла сламена коса му пагаше преку стаоречките очи, длабоко пропаднати, жолти и полни со темни дамки.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Друга запалувачка граната падна погоре и експлодира во чатијата на една сламена куќа. И таа куќа пламна.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Се биеја неколку деноноќија и исчезнаа. Оставија неколку искршени овошки, отскриени плевни, растурени сламени покриви.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Така направија сите во селото. Сламените покриви на шталата најлесно се подигаа.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Повеќе