сведок м.

сведок (м.)

Ме повикуваш, во улога на сведок?
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Падот во адот нѐ стори инвалиди со душите пелин, заробени темни се спремаат ѕверови да нѐ јадат живи а ние гледаме ко сведоци неми
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
А и татко ти, иако го викнаа за сведок, не можеше со сигурност да потврди и да објасни кој бил човекот што поминал покрај него а со кого легнала кутрата Босилка во таа нејзина единствена ноќ и со единствениот нејзин случај на платена љубов.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Писмата кои беа убаво наредени во натказната беа неми сведоци за неговото каење.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сведоци сме на прогресивна ерозија на границите проследена со создавање на нови.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Ти ги испратив тебе поради твојот занесен изглед небаре без престан посматраш водени отсјаи стари карти кутии кои се отвораат само пред сведоци списи кои се даваат на реверс саркофази врз коишто светлосните зраци смртоносно се вкрстуваат.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во една прилика заборавајќи да го намести своето дилдо се случи фекален дебакл и целиот 24 миљонскиот аудиториум беше сведок на буквално подкакување, но тоа не беше пречка да ја назначат за водител.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Погледнувам кон сведоците. сега и тие со дигнати раце и со заслепени очи ги повторуваат зборовите на невидливиот судија.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Локвата крв на белата постелнина беше сведок за дивјачката бруталност на Ѓорѓе кој на овој начин го изразуваше својот гнев.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А јас ако го видам ќе му ги поткастрам роговите и ќе го скопам, ќе видиш што ќе му направам. Господ го држам за сведок.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не можев точно да проникнам во оваа противречност, чиј сведок бев, сега, низ телото и душата на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Постојано повторуваше оти Бог му е сведок дека никому зло не сторил па нема зошто да бега!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
КНИГАТА СВЕДОК полици со мали простори за прав од време недопишани наслови допишани желби претопени во печатарска боја на која ми се лепат прстиве и оставаат оттисоци од воздишки а јас немам право на збор јас немам право на одбрана јас немам право на своја страница во книгата јас немам право на своја страна на светот јас немам право на странствување додека се задушувам во прав од букви на овие полици на кои го користам правото да молчам
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Беа поборници за љубовта, а не на парче хартија на која се потпишани двајца сведоци.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ослободувањето од плаќање на трошоците на постапката опфаќа ослободување од плаќање на такси и ослободување од полагање на аванс за трошоците на сведоците, вештаците, за увид и за судските огласи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Едните си викаат како сведоци за справедливоста на нивните претензии едни, другите други авторитети.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во жалбата наведе дека вештото лице кое изврши увид, дава свое мислење само околу тоа колку е оштетена куќата а не и кои се причините што довеле до оштетување на куќата; дека вештото лице самото наведува дека не е стручњак по ова прашање; па спрема тоа, треба стручно лице да даде свое мислење за причините што довеле до пукање на куќата, зашто има и други куќи во селото што се на иста или приближна оддалеченост од каменоломот, а не се оштетени; што се однесува до сведоците: тие тврдат дека пред употребата на експлозивот, куќата не била напукната, но не можат да тврдат дека тие пукнатини настанале токму од експлозиите или од нешто друго.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тука е од старо време; поминал живот со неколку генерации, бил сведок на сѐ што се случувало во семејството: регистрирал многу раѓања и многу умирања.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Судот може да одлучи сведокот да положи заклетва на исказот што го дал.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ги слушам чекорите на џелатот во темничниот ходник. Биди ми горчлив сведок!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе