реинкарнација ж.

реинкарнација (ж.)

Портокалова месечева мена или реинкарнација Не очудувај ме Ако јас сум болка, ти си портокалово во неа.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Драга Бреза, веројатно мајка ти ти раскажувала за нашето верување во реинкарнацијата и за животот по смртта.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Само тогаш, според Кабалата, може да постои надежта за реинкарнација, да се пресоздаде животот низ проигрувањето на 22-те букви, но тогаш може да се создаде и Минотаур кој се наоѓа во дното на лавиринтот на зборовите...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко ми се сомневаше во постоњето на реинкарнацијата, а мајка ми рече дека многу би сакала да верува дека е можно тоа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Средба Денес убив една мушичка; Лежев на терасата и хорот од микроорганизми во земјената саксија со земја пееше погребна песна; Знаев дека си тука, а не верувам во реинкарнација.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Ракијата ме фаќаше полека ама сигурно, оти сонцето биеше ужасно; некој понуди и тревка, и јас, ненавикнат на неа, во еден миг видов светлина; помислив дека таа светлина не е од овој свет, дека тоа ми се јавува Бог; беше тоа светлина виолетова, еднаква во сите свои делови, совршена, постојана, оти не беше една во едно време и инаква во друго време, ниту за едни убава, а за други грда; беше тоа светлина преподобна; помислив дека можеби веќе сум во некој друг живот, дека сум умрел и дека ми е доделено некое ново тело; верував во реинкарнација, и таа помисла ме возбудуваше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Обредот беше фантастичен, посебно делот кога симболички телото на мртвиот се претвора во предмети кои служат за одржување во живот; тоа беше еден вид реификувана реинкарнација, и многу ме возбудуваше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сега доаѓа моментот на враќање, реинкарнација во сопствената идилична хармонија.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не сакав да ѝ објаснувам дека на овој свет сѐ има врска со сѐ; се задоволив само (не треба да се заборави тука и фактот дека јас сепак, ѝ се додворував, и дека цената на тоа додворување беше и извесно интелектуално претерување, како и извесна желба да ѝ оставам впечаток на што понеклиширан и поучен човек) со тоа што ѝ кажав дека јас верувам во реинкарнација, и дека за мене границите меѓу културите и расите паѓаат во вода токму поради простиот факт на реинкарнацијата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ако не е тоа што ви го реков, тоа мора да е некаква реинкарнација.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Луцијо, ѝ реков. Веруваш ли во реинкарнација?“ Таа гледаше во мене долго, и потем рече: „Мислам да.“ „Мислиш или веруваш?“, прашував. „Не знам“, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Зошто ме праша за реинкарнацијата?“, рече Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)