публика ж.
публикација ж.

публика (ж.)

Темата понекогаш била оригинална, понекогаш зададена од публиката.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Во овие случаи не била можна подготовка, бидејќи темата често била зададена од некој од публиката.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Кога крилјата се подготвени за летање бргу се долетува до гнездото на сопствената болка од сопствената шака си ја лижеш изгубената радост и ја ишкаш смртта од струните на виолината ноќни сенки излетуваат од акордите на вердиевиот реквием и им ги бришат челата на публиката лачени ноти скокаат низ историјата и се потат во чевлите на диригентот звуците на животот како лилјаци се удираат од ѕидовите на вечноста од суво усте лушпе ореово се разлева кон реката вердиевата чаша вино отаде реката последна причесна и школки на суво - на клапнатите музичари им намигнуваат.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Стоеше вкочането и погледот му лебдеше над главите на судиите и на публиката.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не поретко тој нѐ импресионира со својата техничка виртуозност и го привлекува нашето интересирање со своите иновативни експерименти што ја возбудуваат публиката, навредувајќи нѐ со својата безгрижна незаинтересираност за светоста на уметноста и за митската фигура на уметникот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Строго контролирани мисли и чувства , перверзно се нижат, се кријат во стихозбирка, се креираат, потоа пред публика повторно контролирана и пробарана се читаат, се сервираат.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Никогаш не постои пристап до рамнотежата меѓу уметникот и неговата публика.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Во просторијата владее тишина поради чувството на неудобност кај публиката и тремата што ги имаше обземено членовите на Дисциплинската комисија.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Драмата може да почне. За помалку од минута, публиката веќе реши сѐ околу симпатиите и антипатиите“ - можеме да ја сметаме за пример на елементарна симболика која не го вклучува културното наследство.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Да благодари што тие зборови беа последните од неговата беседа, та не се разбра во публиката никаква забуна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Никој од публиката која секоја вечер била присутна, веројатно не претпоставувал што се случува во умот на овој тивок и повлечен младич додека се одвивале овие претстави.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Тој сакал на германската публика да ѝ даде нега која ќе ја излечи од нејзините повоени чувства на лишеност, изолираност и болка, што ѝ ги нанеле очајничките промашувања на нејзината родителска држава.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во публиката се сместуваа видни луѓе од државата, но и важни луѓе од светот на текстилната индустрија која имаше неколку децениска традиција во Македонија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Аплаузот е наједноставното и најмногу користеното средство преку кое публиката се идентификува со творците од сцената.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Знаеше во текот на претставата вешто да ја извози публиката на патешествие со многу такви пресврти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Од очите во публиката добил таква енергија, таква мотивација, по што не му останало ништо друго освен да се разлета по сцената.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тоа е крај на првиот дел од перформансот. Публиката мора да ја напушти салата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Иако инструментот е во состојба да произведе широк дијапазон на звучен квалитет добиен со вртење на бројчаникот, тереминистите постапуваа како сензори, претставувајќи ѝ ги на публиката оние звуци за кои мислат дека ќе ѝ се допаднат.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Публиката беше многу одушевена од снимките на еден огромен дебел човек што се обидуваше да отплива со еден хеликоптер што го брка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие претставуваат впечатлив пример за оригиналноста на Бетовен и за силата на неговиот гениј, и мора да биле како кавијар за неговата публика.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Повеќе