притаен прид.
притаи св.

притаен (прид.)

Од секое дрво друго ветре се мешколи и ти шумоли ко човечки говор со притаен кикот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали со варијантата на долгиот притаен шовинизам ги толкувате меѓусебниве провали на национализам кај нас?
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во огромната челуст на тишината невратно се губеа притаени пцости, злокобно тропање на некакво железо, неразбирлив шепот и сѐ што не се слушаше, и сето она што сивите луѓе, го носеа под грло, зашто 'рбетникот на големиот организам на колоната беше скршен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Можеше да го слуша до наситка рикањето на тој спалавен јужен ветер низ длабините на нераскрчената шума; тоа се плискаше како некоја пробиена брана, носеше една прекрасна топла раздразнетост во градите, носеше некоја одврзаност и пребликуваше со секој нов налет, спитомувајќи со својот допир сѐ, а целата шума како да никнеше наново над таа недогледна белина, секоја бука во неа како да се исправаше одново, отфрлајќија од себе задреманата прибраност, онаа притаеност во тесниот канал на срцевината, трубејќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе ја разбуди во мовот притаеноста на огнот; доживувајќи го својот златен сон, искрата ќе вивне од себе самата и ќе ја плисне шумата со пламен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Реката притаено ги ограбува есента и времето.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Чудната игра кратко траеше, зашто Јана веќе им се обраќаше на двајцата граѓани притаени во сенката, и сосема неодмерено ги нарекуваше натрапници и платени воајери.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Присуствував на утринскиот концерт за едно молчеливо живо пајче, еден бел нем брод и оркестарот на притаени души.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Рацете предавници се притаени медузи и не се стиснати со грст да се срка од нив водопадот на небото.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Потем, притаен како вепар во мракот, чекаше да се згусне во него малтерот на отпорот, да ја соѕида арматурата на неговиот костур во тврд непробоен оклоп.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На тој личен континент, во белезици невидени маглени спрегови, затворен и сепак достатно облеван со југовна топлина, човекот е со онаков облик како што најмногу сакал да го има се бранува низ движења над бели коленици, над сунѓерести габи и над притаени крвариги.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Родителите имаа притаена и смирена побожност што никогаш не ја пренагласуваа низ верски дејства, повеќе во нив беше насобрана некаква нужност за верување во единствената семоќна сила, по толкуте неприродни умирања во семејството, ненадејни и неизвесни преселби, постојано страдање, нови напори за прилагодување во туѓата средина...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Всушност, ја поткреваа некои попови прасиња и кртици, некои притаени семиња и повратени треви.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Помеѓу сламените покриви на куќите и притаените ридишта се протегала пржелика, дива неродница со мравулници, запрена со запрложен џанкарник без цут на гранките - таквите суви почви не држат на себе ни човек ни тревка. Негде со очај се гласела ветрушка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бен Али ќе придонесе стариот Бургиба да живее со спомените на својата величина уште повеќе од една деценија, но со притаена горчина во себе дека не ја достигна вечноста на владеењето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ај, не станувам дури да се развидели - и домаќинката, до мене заспана уште малку да си поспие... си вели Петре - со здив притаен а очи оџарени ја скорива возбудата на она далечно време, кога Ѕвезда, домаќинката негова во големи пости пред Рождество Христово му кажала дека е несама...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Има во таа игра знаци на чудесен заговор Поглед ли притаен, здив ли?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Она девојченце, сега притаено во својата рамка, пее и има едно око. Но не е киклоп.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Требаше да биде пречекан притаено, да биде чекан.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој шум, сред оваа неначната тишина, добиваше размери на експлозија и за сѐ живо, а притаено во долината, беше настан, беше напнување на слухот, потреперување на срцето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе