природно прил.
природен прид.

природно (прил.)

Умираш симболично повеќе пати живееш стократно повеќе имаш безброј животи безброј ликови и сето тоа е - природно и нормално и по сето тоа се будиш наспана преродена за да можеш да поднесеш уште неколку стресови сѐ до следното паѓање во сон.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- О, Христина - сосем природно се изненади жената и ме прегрна.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Природно, ги имаше и пред говорничката плоштатка на старата црквичка: Се втурнаа меѓу луѓето што го слушаа старчето и само се појавија толку колку за да ги забележи говорникот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Премногу добро образовани во нашата стара Европа, ние природно веруваме дека постојат мисли, кои упорно ѝ се противат на секоја екстериоризација.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Брзав да ја завршам апсурдноста на оваа случајна децениска средба во која прашањето „како сте“ сосема природно изостана.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Би било природно да можеш да го сториш она, би имал некое право да сториш сѐ со својот нож.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ она што го прави Бојка се чини сосема природно.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Како и да е, потиснувајќи ја болката од разделбата со тоа што се трудеше да се убеди дека сето тоа е природно, за разлика од жена му која како мајка ја преживуваше разделбата како доилка што одбила рулче од боска, Гого продолжуваше да слика (зашто ништо друго и не умееше) следејќи го својот темперамент со истиот нагон и снага.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Или вашата соговорничка (а тоа ми се случи мене) да потскокне од столот во ресторанот и сосема природно да направи неколку вежби за истегнување на ‘рбетот, додека вие зборувате за постмодернизмот за кој таа, вашата соговорничка, инаку е животно заинтересирана.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Природно беше во ноќта на нивното венчавање да ја земе Брунила во прегратките и да одлета горе во небото.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Беше навикната да ги проценува луѓето според нивните лица и ѝ изгледаше природно тоа што Винстон мислеше дека на О'Брајан може да му се верува само врз основа на една средба на нивните погледи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А за тоа, за печење леб, зашто ништо што е погано не смее да дојде направо во допир со лебот, а погано е сѐ што не е природно, за завалување на фурните и вршниците, употрабуваа слама, измешана со суварки, или со дрвени трње.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но, природно, кога еднаш ќе го разбереме тој двоен императив (толку оптоварен со спротивности), кога еднаш ќе се придвижи неумоливата критика на политиките, на сите политики коишто, во далечното или непосредно минато, ги создале претпоставките за војна (одлуката која можела да се донесе нужно била само страотно стратешко обложување чијшто влог - еднаш кога трагедијата се ублажила, со тоа дека никогаш ништо нема да ги надокнади мртвите кои ѝ беа цена - е можноста да се сочува помнењето, извлекување поуки и подобро разбирање на тој двоен императив).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Природно ме следеше неумоливата судбина на парадоксите, наследена од моето егзилско семејство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Рековме она што е природно дека е совршено.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тоа не е природно. Тоа е клонирање.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Таа ќе излезе кога природно ќе пристигне нејзиното време.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Природно се очекуваше и тој еден ден да му се исповеда на Камилски за тајните на младоста, за клучните настани од цариградското време кога овде се разминуваа османската епоха и времето на нова Турција на Ататурк, кога се разминуваа верската империја на Калифатот и новата лаичка држава, кога се разминуваа арапската и латиничната азбука, старото шеријатско и модерното европско право, кога се разминуваа Европа и Азија, кога новите институции ги заменуваа старите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Природно е поради тоа да се воспостави математички знак на равенство помеѓу времето и поезијата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Воопшто не е природно Дадаизмот да претседава со еден суд, бидејќи зазема страни, а не пресудува.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Повеќе