приграби св.

приграби (св.)

Мајка ѝ ја втасува и ја приграбува околу нозете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Натпревар кој ќе приграби што повеќе!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таму каде што може да се приграбат во свои раце или главните извори на суровини, никнувањето на картелите и образувањето на монополите е особено лесно.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Таквата проценка не само што се врши туку тие извори се приграбуваат во едни раце од џиновските монополистички сојузи.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Но би било погрешно да се мисли дека монополите не никнуваат и во другите индустриски гранки, во кои приграбувањето на изворите на суровини е неможно.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Идејата дека која било група може да посака да ја приграби доминацијата, контролата, власта, надмоќта над другите, е примитивна перверзија - дегутантна и застарена колку и ропството или канибализмот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таквите монополи се најцврсти кога во едни раце ќе се приграбат сите извори на суровини, и ние видовме со каква јарост меѓународните сојузи на капиталистите ги насочуваат своите усилби кон тоа да му ја одземат на противникот секоја можност за конкуренција, да ги закупат, на пр. наоѓалиштата на железна руда или изворите на нафта итн.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Монополистичките сојузи на капиталистите – картелите, синдикатите, трустовите – го делат меѓу себе пред сѐ внатрешниот пазар, приграбувајќи го во свои раце, повеќе или помалку во целост, производството на дадената земја.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Спасот е во монополот – повторуваа политичките водачи на буржоазијата, брзајќи да ги приграбат уште неподелените делови на светот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Пред да ги приграбат други, јас ги прибрав.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Да избегаш, најпосле, од сите оние луѓе, што крадат, што се надлажуваат еден со друг и што се мачат да приграбат што повеќе, за себе како во животов да не постоеше ништо друго, освен тоа приграбување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но многу подлабоко од тоа лежи првобитниот мотив, оној инстинкт во кој никогаш не се сомневало, а кој прво доведе до приграбување на власта, а потоа ги донесе двомислата, Полицијата на мислите, постојаната војна и сите други неопходни приврзоци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ги приграби жените како две половинки од една лубеница и продолжи да им го толкува она што му го предложи на докторот како споредба на кураторот со карбуратор.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Јаничарите дефилирале по градските улици носејќи ги тепсиите и по враќањето од султанската палата, тепсиите се поставувале на земја и следел невиден метеж и мала битка за да се приграби што повеќе баклава!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од една страна „Петролејскиот труст“ на Рокфелер, сакајќи да ги приграби сите, создаде „друштво-ќерка“, во самата Холандија, купувајќи извори на нафта во Холандска Индија и сакајќи на тој начин да му нанесе удар на својот главен непријател: холандско- англискиот труст „Шел“.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)