преференција (ж.)

Студијата која ги обработува основите во тестирањето на пропагандните пораки укажува на следното: 1) ефектот на пропагандната креација не може да биде измерен доколку барем два пати не е изложен на перцепцијата на целниот сегмент на побарувачката (терк); 2) секое препознавање на целите на истражувањето од страна на испитаникот ја докажува погрешно избраната метода; 3) секое истражување се спроведува со споредување на резултатите од контролата и експерименталната група; 4) тестот на присеќавање се прави како со така и без помошта на испитувачот; 5) се мери степенот на преференција во одредена група производи; 6) се мери поттикот за купување и се утврдуваат конкретните причини; 7) тестирањето се спроведува на еден дел или пак на целиот пазар.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Исто така, во ЗРО (1993), не се спомнуваа субјективните преференци на работодавецот при утврдувањето кои работници ќе бидат отпуштени.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Принцот очигледно бил на мислење дека откако ќе го нарача делото, маестрото ќе ги земе предвид неговите преференции и предрасуди при нејзиното компонирање, како што би направил Хајдн, но како што Бетовен не можел да стори, дури и да сакал.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Преку неговата поврзаност со принцовите Естерхази, кои од неговата дваесет и деветта година до крајот на животот му давале сигурен приход, тој бил во позиција да го пишува само оној стил музика на кој бил најдобро приспособен со своите таленти и преференции.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
На газдите им се проширени претходно воведените субјективни преференции при одлучувањето кои работници ќе бидат отпуштени како технолошки вишок, а на тие работници дополнително им е намалена основицата за пресметување на испратнината!
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Потоа со испитаниците редовно се прават и тестовите на присеќавање и преференцијата на робната марка, што е идентично како кај ТВ спотовите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во ниедна пригода тој не покажал каква било реакција.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Далеку од тоа дека изумира, таа практика си живее, а уредниците на ТОНИ со своите културни преференции сведочат за нејзината натамошна виталност, токму кога тврдат дека традиционалната геј-култура веќе не е релевантна за нивната генерација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)