преграби св.
преграб м.

преграби (св.)

Бате Јоле, расплакан, клекна крај неа преграбувајќи ја со левата рака и ставајќи ѝ ја дланката на нејзиното лево обравче, а од другата страна ѝ го навали образот и така милувајќи ја и гушкајќи ја, плачеше барабар со неа.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Паун Радевски само го преграбува шишето и ги стеснува зацрвенетите очиња.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Или би го преграбал здебеленото тело и би го отпратил преку отворениот прозорец на купето во мочуриштето низ коешто трескоти возот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ама заедно со чепот ги преграбувам и прстите од Левтерија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Двајцата Митреви другари го налегнаа едниот Гана, а Митре се одвалка со другиот низ стрмната клисура, преграбени преку гради еден со друг, и така како трупје удрија во една стена и застанаа Бугаринот здола, Србинот врз него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Недалеку од него, висок морнар преграбал преку половината девојка сосема млада и срамежлива.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Детето му ја преграбува ногата, а со другата рака сѐ уште здраво ја гушка кадифената кукла.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Каде е сега Богдановото девојче? Ја зема гајдата, нежно ја преграбува и засвирува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Да- виде Недолетниот преграбил една дабица и само си зборува: - Еда, ова дрво јас прв си го зафатив, вели, и еда, никому не му го давам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не би час, најмалдиот клекнал, ги преграбил со раце колковите на младата жена и, лелекајќи, ја замолил за прошка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Иде Манол Форевски и трча кај Оливера, ја преграбува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)