правен прид.
прави несв.

правен (прид.)

Историјата му помага на секој народ да си ги види грешките што ги има правено и да се чува да не се повторуваат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Најновите истражувања кои се правени неодамна покажуваат дека корисниците на марихуана кои долги години дувале трава имаат огромни шанси да закачат рак на мадињата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Секој кој има правен интерес може да бара нивно поништување, со поднесување доказ на правосилна судска одлука со која е утврдено постоењето на корупција.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Русија по македонското прашање толку пати има објавено владини соопштенија, толку пати се правени претставки до бугарската и до турската влада по нашето прашање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Граѓанин или правно лице што е незадоволно од одлуката донесена врз основа на дискреционо овластување и кое смета дека таа одлука е донесена поради корумпираност, може да поднесе претставка пред Државната комисија за спречување на корупцијата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Разнообразноста на фасадите, креативноста со којашто беа правени му причинуваше естетско доживување и му го будеше сеќавањето на Битола, пред да почне да биде нагрдувана, во времето кога дојде тука да заврши гимназиско образование.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Младите беа мобилизирани и носени на фронт, беа правени списоци според кои жителите од нашиот кварт беа товарени во возови, и засекогаш одведувани од Виена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Полека светот се осветлуваше од дневната светлина, моето одајче исто така, и јас можев да ги распознаам одделните линии и бои на шарите на ѕидовите правени во годините изминати од еден самоук сликар, всушност бојаџија со дарба.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како да беа правени од иста тајфа мајстори.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Понекогаш се чинеше дека заработил нешто, мислам дека даваше правни совети како бивш судски чиновник.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Она на што најпрво се сети тој беше да се обрати до ССМ, од каде што доби мошне добри правни совети за валидноста на известувањето што го доби, а беше запознаен и подучен за неговите права од работен однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Веќе во јули истата година, со првата измена на овој закон, предвидено е најниската нето плата под која не може да се исплатува да се утврдува со Општиот колективен договор на Република Македонија, а доколку правното лице кое што врши исплата утврди пониска нето плата од таа утврдена со Општиот колективен договор и зголемена за 50%, тогаш исплатува плата во висина на најниската плата утврдена во член 59 од Општиот колективен договор и зголемена за 50% (чл. 4, ЗИДЗИПДНДР/јули.92).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во рок од осум дена од денот на писмената изработка на пресудата до странките се доставува заверен препис на пресудата со поука за правото на изјавување правен лек против пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тргнав кон Брезница, влегов в село и гледам твојата куќа прва и настранета така како заради мене да е правена, за тој што ќе ми биде јатак.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Веднаш после потпишувањето на решението за технолошки вишок, Митревски се одлучува за неговиот случај да консултира упатено лице од правната струка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Активен учесник во напредното младинско движење на Правниот факултет во Белград и во Велес и учесник во НОБ од 1941 година.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Светилката потреперуваше од променливиот напон и ги зумираше шарите на ѕидовите правени од маказарскиот уметник - големите лисја од јавор рамномерно поставени и осенчени во еднакви правоаголници.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа беше еден од ретките случаи кога правната држава профункционира и тоа на штета на трпеливиот. Колатерална штета јебига.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ти си во газ правен. Тебе ништо нема да ти се случи.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
148 „Меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон.“
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Повеќе