потоп (м.)

Неделата би најубав ден Зашто тој ден Бог си починуваше и гледаше Народот како се крие зад стеблата Плашејќи се казна да не го снајде нова И да не заврни пепел од пеколот и снегот да не се стопи Та нов потоп да го снајде.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
На брегот се слушаа едни божји свирки Што довикуваа дожд а се покажа потоп И по потопот сонце и несреќа многу потоа.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
А отспроти од зад крваво ранетата душа на степата извираше црвениот железен порој И татнеше татнеше во зорите на потопот (И сѐ уште татнеа копитата неуморни иако одамна патот им истече) Брзаше да умреш еднаш или ако е можно повеќепати
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Бурите доаѓаат и одминуваат. Зарем така не било и со потопот?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Барите на улиците вриеја од мал потоп, од густо збиени клобуци и прскање на водени трпки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Лежиме со исплазени јазици, како кучиња давени од волци, што се вели, како налеан грагор по потоп.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сѐ започнува по Потопот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Над нив преку небото се протегаа пукнатини, извртени корита на реки од кои ќе удри зовриен потоп, живот на смртта со закана и за живот и за смртта на преплашената земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од таа вода и јас се напивам и од тој леб јадам, и му се молам на Господа пред денот на Потопот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Дури и Рафаел го губи, цртајќи ги нацртите за фреските за ватиканската Stanza, трпението за милност и достоинство кои и нему му стануваат напорни; во приказот на потопот се гледа склоност кон апстракцијата, радост и уживање во храброста, во насетената снага да се совлада не само убавината туку и Горгона, она стравичното.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Венезилос ќе рече: „Словеномакедонците не се чувствуваат ниту како Грци, ниту како Бугари“ (фала богу, фала богу) и се прави Абецедарот, лепата чупа п'лни вода, но под притисок на владите од Софија и Белград, се уништува, а Венезилос пак ќе рече: „Ако Словеномакедонците бараат училишта на својот јазик, јас ќе бидам првиот во Грција што ќе се заложи за нивно остварување“, но пругоре вода не се навраќа, оти и врвот се плаши од потоп,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сосем блиски по духот, а далечини по формата, се бројните алегории и параболи со елементи на фантастика со ретки содржини, почнувајќи од поетските параболи (Куќа) или кошмарните визии (Писание за ѕвероглавите, Специјалист по чудни болести) и алегориите (Потоп, Студ, Кула, Писмо, Старицата и деветте кучиња) со стокмени значења.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Одненадеж потемне небото од чад што штипеше во очите, во грлото и што го вознемири дибитокот како спроти потоп та скокајќи, рикајќи се разбега низ полето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Оф, мори мајко, што е ова: дали потоп, дали погубиште на светот?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бродот ќе ја однесе мојата душа во новиот свет во времето кое наближува, јас ќе останам во времето минато за да коленичам и да молитвам чекајќи го Потопот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во него го виѓаваше крајот на светот. - Потоп и крај.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И јас сонував потоп. * Запис што го сонувала отсечена глава на морнар, пронајден на морско дно
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Се изненади. „Каков потоп?“ И сфати дека заблудата е тапоглав полноглавец со долга опашка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Земјата вриеше од ударите на капките, и тој беше сигурен дека ќе ја заштити и од потоп.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Зафати водата полека да истечува, да се впива во земјата, да се повлекува од дворовите, да ги ослободува заробените куќи, луѓето, добитокот; се покажа виножитото, па и тоа како да шумкаше колку што можеше, задува ветер, па и тој започна да ја суши земјата; излезе и сонцето од облаците, па и тоа почна да ја цица земјата; излегоа луѓето од куќите како од Ноевиот ковчег, се бацуваа што го преживеаја овој потоп, оваа несреќа; се јавија и птиците што беа скриени некаде, се нафрлија да клувкаат на сѐ што ќе видеа за јадење; се грабеа, се биеја.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Повеќе