потоне св.

потоне (св.)

Отвори ја портата на срцевата градина, чуварот потонал од уморно чекање.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Срцето ѝ играше од радост, не можеше да замисли да потоне во сон...дури многу подоцна, во мугрите на изгрејсонце, слатките соништа сепак нежно ја освоија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Настапи тишина од која на човека му се присторува дека ќе потоне којзнае во каква бездна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кога се сврте зад себе го најде она свое јаренце исправено на високите, тенки ножиња, скаменето, како споменик на убавината и на невиноста на дивиот свет, несфатливо далечно од него и залушано кон таа ведра ноќ, целото потонато во одбирањето на сите нејзини шумови, настрхнато на нејзината белина, а во неговата стојка како да беше собрана и сета белина и сиот раскош и му ги носеше и во таа малечка собичка, во тој малечок заграб од белото пространство на дивината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некој го удри шишето од ламбата и каушот потона во темнина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Мајка ми блажено нѐ погледна и потона во сон.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Вака некој ден сосема ќе потоне во мрачините и ќе престане да го сеќава во себе животот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
О, да може да потоне сосе чун на езерското дно и никогаш да не излезе оттаму.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ана мрзоволно се упатува кон прозорецот и нејзиниот поглед потонува во темната длабочина на заспаните улици.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во огништето ископано во ѕидот на земјанката згасна пламенчето и земјанката заедно со големите сенки расфрлени на ѕидовите, потона во мракот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Своерачно, со стрпливост на виден мајстор потонат во уживање, забуцал по нивите неколку страшила од партали и ланска слама.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Прашањето потона во очите, се закова на усните и пак настана молк.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И пак сѐ потона во тишина.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Покривајќи се така, потонуваат вземи или во себе, чекајќи го топлиот дожд што ќе ги подигне над земјата.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Одеше до една бука преку потокот и, потонат во снегот до стомакот, го бодеше дрвото со роговите, се чешаше од неговата рапава кора.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во утрото на петнаесеттиот ден тенката преграда на карпата се урива. Раката на Арсо потонува во меката земја.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Поскоро да потоне во мрачините и да се стопи во нивната тишина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Водата сосема бавно се премрежи и пак се потона во камено смирување.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Овде животот тече цела ноќ, сѐ до раните утрински часови и од овие врвови се разлеваат звуците на чардашите, кои полека се истураат и потонуваат во водите на Дунав.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Застанати во ходниците, потонати во молк, се обидував да ја проценам искреноста без помпезни гримаси и сарказам, скандалозен перформанс би изгледал како лудило а сентименталните работи како баналност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Повеќе