поткровје ср.

поткровје (ср.)

„Знаеш ли што се поткровјата? Тие се временски машини во кои старите отрпнати луѓе како мене можат да патуваат наназад четириесет години, кога сета година беше лето, а децата ги гонеа и опседнуваа сладоледџиите со колички.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тивко ја затвори вратницата. Се насмевна. Поткровјето беше мирно како буроносен облак пред луња.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Замисли си поткровје. Токму неговата атмосфера и Времето.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тие три дена господинот Вилијам Финч секое утро и попладне стоеше молкум во мрачното и ветровито поткровје.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ги подзатвори очите и гледаше на сите страни од поткровјето што чекаше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Имаше убав поглед на Вардар. Станот се наоѓаше на поткровје.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Си замислуваше дека од осаменикот горе во поткровјето, високо во ветровитата куќа, може да го чуе само дишењето, бавните вдишувања и издишувања, како од некои правливи мевови.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Поткровјето”, започна тој. Таа си замина во дневната соба.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ах, поткровјето е темно, пријателско место, преполно со Времето, и ако застанеш токму во неговото средиште, мирен и исправен, со втренчен поглед, мислејќи и замислувајќи, насетувајќи го Минатото, исправајќи ги рацете пред себе за да ја почувствуваш Дамнешнината, тогаш зошто не...
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тоа навистина беше големата машина на Времето, ова поткровје, тој го знаеше тоа, го чувствуваше, беше сигурен во тоа, и ако тука ги допрете призмите, онде кваките, хармонските кристали, ако ја завителите правта тогаш, тогаш!
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Седеше осамена во црното поткровје, вдишувајќи го последниот преостанат мирис, како нежен здив на радоста во воздухот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Задниот дел од поткровјето постепено стануваше Билиева област. (Били беше еден од првите Фектори- момци).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ова е осврт на животот што тогаш го водевме, моите пријатели и јас - осврт на сликарството, филмот, модата, музиката; на суперѕвездите и настаните кои ја создадоа сцената во нашето поткровје на Manhattan, местото познато како Factory. 22 Margina #10 [1995] | okno.mk 1960-1962
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)