потежок прид.

потежок (прид.)

Се мразам што не знам ни штекер да сменам и ништо од пенкало потешко да кревам се мразам себеси што самиот се мразам а дупло би се мразел ако сам се сакам
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Набргу во таа негова увиснатост почна да се раѓа и една своеглава непослушност на неговото тело, која не можеше да му помине незабележана ни во нејзиниот зародиш и од која сега можеше сѐ потешко да се бега.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Три пати неделно во вежбалницата кревам три пати потежок товар.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Потешко ми беше детето што го носев под појас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Текот на нештата сѐ потешко можеше да се контролира.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Времиња тешки дојдова уште потешки прокуди, од ден на ден се умира и души бере с години.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Инаку можат да донесат решение за уште потешка казна.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Младоста ја минувате на корзо грицкајќи семки. Не читате ништо потешко од стрипови за гусари.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тоа биле поцрнети и исушени луѓе со опаки очи и без насмевка; некои од нив, со завиткани шамии и крпи околу главите и рацете како воскреснати чкулави Лазари што знаат дека само двапати се живее, се сеќавале на вчерашниот живот и на мракот во тој живот потежок и од умирачката, на тоа химерно џвало на кое ни стробјак ни џуџе не му бега, но светлоста на утрото обилно доаѓала од исток и ги бришела од очите на призраците суровите сеќавања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ми стави на знаење дека нема лесно да се ослободам од мисли кои наликуваат на сложувалка, потешка од онаа на сфингата.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Колку ми е потешко, толку повеќе да сакам да зборувам и да потпевнувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој миг уште долго време, и во најтешкото потешко ќе ми паѓа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Најмногу се надеваше во мајка си, која можеби повеќе страда од другите, можеби нејзините грижи се потешки од грижите на татка си и деда си, но таа најмногу верува во него.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Одвикнувањето е многу потешко од учењето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Стануваше сѐ потешко да се излаже за трагичната вистина, која секој од нас се обидуваше, не да ја заборави, ами барем да не мисли постојано на неа и да не боледува.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Интересот на државата за дистрибутивна правда секогаш потешко добива легитимација - тоа е рецепта за изборен пораз.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
На надолница е полесно за трчање, ама потешко за запирање.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Насетувам како да станува потежок.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Беше уште потежок кога го отвори сандакот, каде што си ја држеше храната, и кога откри дека ја нема уште којзнае колку многу.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можеби можеше да најде начин да го задржи Бојан, но се плашеше да не згреши, зашто до утре можеби ќе навее голем снег, па неговото враќање во колибата во Гогов Валог би било уште потешко.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе