петел м.
петелка ж.

петел (м.)

Некое куче нѐ подлавнува, петлите кукурикаат по плотовите, сѐ околу нас пее. „Околу Ѓурѓовден, велеше мајка, секое дрво знае да пее и секое дрво да се радува.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Не знам, внучко, — вели дедот Карабуклија, — ама петлите се пеани, еднаш или двапати, не ѝ стори дикат. Сега ќе излеза надвор на малата врата и ќе вида.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста го зготви петелот и пред да се заврват гостите, отиде во земникот да не ја видат така како Ѓупка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дали ќе видите некој сон оти јас сум во една пуста земја кај што петел не пее!
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тој не мисли на незгодите што може да ги предизвика овој петел на улицата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Поминува еден камион и за малку убавиот петел ќе се најдеше под неговите тркала.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Целата ноќ што мислел и думал, за кај бил и сега каде е во таа пустелија кај што петел не пеал и куче не лајало.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И петли в село пеат и зората се зори - над карпа в крв се мие и темнината пие силно светнал ден!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
И петли в село пеат и зората се зори - над карпа в крв се мие и темнината пие силно светнал ден!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Потоа мајка му го закла петелот што го имаше ветено за да му ја стави главата во гробот на Илко како курбан - за да не повлече со себе некој друг од фамилијата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
На трети петли вапсаните јајца на тланик ги редела.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Главниот виновник беше огромниот петел на комшиите, со темноцрвена кикиришка што гневно му се тресеше на главата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Од ѕвездите и чуварот ноќен Гласот го обојува утрински Телефонирајќи здодевно И бесцелно за да го успори чекорот Оттргнувајќи го погледот од улицата Ја пресоблекува влажната кожа Ја везе со усвитениот знак на плотта И ја слуша песната на петелот Вивната во крвоскок до небеса
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
На Велигден или Божиќ тој ќе ме разбудеше со првите петли, и одев свечено облечена, меѓу првите во црква на причесна.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
5. СЕ РАЗДЕНУВА И БЕЗ ПЕТЛИ ДА ПЕАТ - така што живеачката по својот пат си оди иако за од таков пат да ја скршнат неа врескаат кукуриговци на светските моди...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Имаше мало калливо дворче во кое напролет и во лето негуваше разни лековити билки, а имаше и неколку кокошки и еден петел.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Кај него никому петелот не му пее.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Начинот на кој петелот скокаше на оградата или на нискиот покрив и како ја креваше главата за да го огласи своето достоинствено кукуригуу, Милан го потсетуваа на муезин кој од балконот на минарето ја искажуваа благодарноста кон единствениот Алах, или пак кон султанот-воин кој ја повикува моќта на мечот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Црвен петел кацнат на плетот раширува крилја, ширум отвора клун, ама глас не пушта.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ги замижувам очите и некаде од преку река се јавува петел. Кукуригу!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе