пантофла ж.

пантофла (ж.)

Мајката имаше на нозете пантофли од син сатен со мали копринени панделки врзани во буква на врвовите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А и деталот со распорениот стомак, каква е поуката, дека и да си човекојадец не е страшно бидејќи со прост, аматерски хируршки зафат, со нестерилизиран касапски нож, може да ти го извадат човекот од утробата, целосно неповреден; бабата со нејзините наочари и пантофли, а Црвенкапа со нејзината бела тантелена престилка и качулката, без ниедна трага од желудечните сокови?
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Човекот ги допре со прстите на танките, козји нозе старите пантофли, се исправи полека и појде кон ќошот на собата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Супер! Ќе си запалиме вистински свеќички, а не електрични трепкачи на елката!“ важно извика Мими, си стави една сребрена гирланда в коси и започна да дели подароци: за дедо и баба топли пантофли, за тато вратоврска, за мама цветен шал, за Влатко и Мими - најмногу - баба Мирјана сплела џемперчиња, мама и тато одбрале интересни книги и новогодишни фигурички од чоколада.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
После одеднаш ја обваќа бес, трча кај Пијаниот, ја вади пантовката и го удира по глава). На ти, на ... пцето пијано ...
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Поголемиот дел од заемките се во врска со модата и облеката како: тантела, мода, палто, пантолони, пантофли, подра, потини, фистони џакет и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)