отпие св.

отпие (св.)

Полека отпиваше мали голтки од првото кафе и ги гледаше ретките снегулки надвор.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Отпи малку, му се стресе раката или устата, и останатото од чашата се излеа на земјата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Направи пак пауза отец Иларион, отпивна од чашата, ги избриша неколкуте капки вино на брадата што блескаа како скапоцени каменчиња на светлината и пак продолжи: - Свети Софроние Ерусалимски вели дека господ при создавањето на светот ги поделил битијата на времени, минливи - тоа се неразумните, а разумните ги обдарил никогаш да не умираат и да не се распаѓаат како материите што имаат времен карактер и што се појава, а не суштина.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Знам секој што сака да ме праша, а не знам што да одговорам, вели, и само си отпива од ракијата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Денко го крена грнчето, отпи две-три голтки, па го тргна од уста, држејќи го така минутка-две, треперејќи со очите, шмркајќи со носот, трудејќи се на сите начини да му ги одреди својствата на тој пијалак.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Рада од чашата црвено вино отпи неколку поголеми голтки за да ја разбие тремата и полесно да го одврзе јазикот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тогаш седнуваше со домарот над мангалот во кујната, кршеше од домашниот леб, сркаше од манастирскиот грав, мезеше од биеното сирење на вжарената маша, отпиваше од стомната покрстено вино и водеше најприземен разговор за тоа како не се исплатува да го држиш и да го раниш магарето зиме кога нема работа во полето, како е поарно да го пуштиш без самар во снеговите на планината да го изедат волците, а напролет да си купиш младо магаре па да му го главиш стариот самар и да си вршиш работа, оти живеачката е една, а скапа, а пак треба да се преживее, да се одживее некако.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ќе отпие, отпие, па ќе се загледа некаде пред себе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа полека ги подигнаа шолјите и отпивнаа, гледајќи се втренчено.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ако отворам пенџере: - Зошто го отвораш пенџерето, ќе вели, кого сакаш да го видиш, ќе вели, и ќе пие само, ќе отпива од ракијата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Отпи отприлика околу една четвртина од своето пиво пред да одговори.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Помолча отец Иларион, отпива од виното и продолжи: - Свети Јован Златоуст вели дека душата човечка е дух умен, беспримерна и неописива убавина, самовласна, света, суштина сродна со небеските и бестелесните битија, вечна, бесмртна; слична на бога, зашто го носи ликот на својот Творец. А животните таква душа немаат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кате беше поодмерена: штом дојде нарачката, таа ја зеде чашата на Боге и му ја отпи пената од пивото; поправо, му ја исшмрка, ама сосема тивко, и му ја врати чашата, исто така сосема природно.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ване, не како најтрезен колку како најприсебен, бидејќи повеќе отпиваше отколку што голташе од бинлакот, ги одвлечка полузаспани и полумортуси во шаторот, под уште топлите крила на импрегираното платно, и ги остави да грчат и да се лигават на сувата папрат врз која паѓаа од грутчестите душеци.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ги допреа усните со златните венчиња и, замижувајќи, отпија од виното.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бара многу работа, многу негување, вајвење како мало дете, штитење од болести, од разни марази... - отпивна отец Иларион и рече: - Тој е првиот пијалок што е јавен на земјата. И првиот лек.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Грета ја грабнува чашата сок од раката на едното дете, отпива од сокот и течноста ја исплукува врз Среќко кој се превиткува на подот. Сите стануваат. Настанува врева)
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Професорот Пол отпи голтка и подждригнувајќи како змеј, изјави: „Ајкулата не е риба, а ако е риба, тогаш е и црв, огромен накострешен црв.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Рада повторно пред да ја продолжи својата искреност, отпи уште неколку голтки од чашата, потоа следуваше длабока воздишка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Релаксирани, жими мојов!“ се поднасмеа цинично и отпи голема голтка.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Повеќе