опус (м.)
Ова е клетва до непријателот тој што најмногу го сакам зошто ако не постоеше немаше ништо да создадам Ова е клетва до непријателот за долг и безгрижен живот му посакувам и да ме надживее да го види опусот сиот
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Изложбата и каталогот се така уредени да го презентираат животот и опусот на уметникот на еден јасен и систематичен начин, избегнувајќи ги елаборираните теоретски конструкции и произволните интерпретации што ги карактеризираа студиите за Дишан во последниве три декади, и кои всушност го спречуваа нашето разбирање на делата на овој уметник.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
3. Градови Она што му дава препознатлив белег на творечкиот профил на Александар Прокопиев во целокупниот негов раскажувачки опус, тоа е своевидната опседнатост и безрезервната приврзаност за урбаниот сензибилитет.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Од старото сфаќање за опусот повеќе би сакал да ја задржам вредноста на единственоста, а не идентитететот по себе или склопот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Веќе е спомнат „Христос на Маслиновата гора“, опус 85, првото големо хорско дело на Бетовен.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Сето ова време, Бетовен, иако често свирел во домовите на своите аристократски пријатели, сѐ уште се немал појавено во јавноста, но во времето кога се појавил неговиот опус 1, тој свирел на концерт одржан за помош на Фондот на вдовиците на Здружението на уметници.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Балетската музика „Прометеј“, опус 43, составена од увертира, вовед и шеснаесет нумери, првпат била изведена на почетокот на 1801 година и веднаш постигнала успех, толку голем што веднаш била објавена како музика за пијано.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Всушност, магијата на Бојсовата уметност во целост - неверојатно разновиден опус - е во тоа да изгледа како да произлегла од изобилство, како тој постојано да бил во уметничко движење.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Покрај „Прометеј“, од овој период треба да се издвојат Концертот во це-мол, опус 37, Септетот за гудачи и дувачи, опус 20, голем број квартети и други композиции.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Би го спомнал германскиот уметник Ханс Хаке (добитник на наградата за национален павилјон на минатото Венециско биенале), кој го посветил својот опус на константно разоткривање на врската меѓу уметноста и капиталот.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Со приопштувањето на делата на Стојан Христов кон македонскиот литературен јазик и македонската литература се отвара значаен процес кој ќе ни ги врати значајните опуси на Анѓелко Крстиќ, Крстју Белев, Самуил Стрезов и уште други и други автори од македонско потекло и со силно појдовна македонска тема...
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Зашто, со право може да забележи дека опусот на овој автор е значаен чин во македонската литература, иако своите дела тој ги напишал и објавил на англиски јазик.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Има малку да се забележи за Бетовен во неколкуте години по објавувањето на неговиот опус 1.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Набргу потоа, тој го објавил својот опус 2, составен од три сонати посветени на Хајдн, покрај варијации и помали пиеси.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Неговиот опус 1 се појавил во 1795 година, кога имал дваесет и четири години.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
На принцезата Лихновски ѝ го посветил опусот 157, варијации на тема „Види, херојот-победник доаѓа“.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Тој за оваа пригода го компонирал Големиот концерт за пијано и оркестар во Це-дур (опус 15), при што самиот настапил како солист на пијано.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Опусот 1 на Бетовен е посветен на принцот, како и големата Патетична соната, и Втората симфонија, исто така опусот 179, составен од девет варијации, и големата Соната во Ас-дур.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Примерите од сликарството какви што се деталите на жени од Вермеровите слики или Бројгеловиот пано со 84 човечки игри, се структури што се однесуваат кон целиот филмски опус на режисерот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Значи тоа е антропологијата, антрополошкиот и хуманистичкиот егзистенцијализам којашто Бојсовиот опус го разлучува од јазикот на бивствувањето, или анализите на јазикот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)