опера (ж.)

Многу од неговите опери биле поставувани во Париз уште додека бил жив.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Менталните слики создадени од прикажувањето на овие трагедии повторно излегле на површина по многу години, сублимирани, прочистени, во симфонија и соната, во миса и опера.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Тој компонирал секаков вид музика, инструментална и вокална, симфонии, опери, итн.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
На оперите на Моцарт им било дадено видно место на репертоарот, а биле изведувани и многу други значајни опери.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Но, не се изведувале само опери; биле изведувани и драми, а поврзаноста со оркестарот му овозможила интимно запознавање со ремек-делата на литературата, што многу влијаело на неговата понатамошна кариера.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Тешко ми е да кажам, но, мислам дека понекогаш одредувањето на пиесите како рок или панк опери, мултимедијални проекти или перформанси е само манифестација на недостатокот на способност, како кај амузикалните, да го различат тангото од самбата или валцерите на Штраус од орото Пајдушка.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сите филмови што сега, разлигавен, во главата ги правиш за мирно трето доба, со сите театри и опери кои сакаш да ги посетиш и да ги видиш и чуеш, сите книги што сакаш да ги читаш во двојка или, барем, како школска лектира да ги обработуваш со неа, затоа што таа те разбира најубаво и, додека молчиш, таа ја слуша твојата тишина и кроце пушта рака на твоето колено, кое потскокнува од тоа што нервите ти се отидени бестрага, се утопија, се разбира (тоа филмовите).
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Го пеам она што треба да им го кажувам. Опера...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа не само што му овозможило да стекне знаење за оркестрација, туку и да се запознае со познатите опери, во кои сигурно многу уживал.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Приказната почнува во еден убав мајски ден, кога постарата, малку необична, мистериозна Г-ѓа Морисон во еден парк ќе го запознае младиот Г-н Стјуарт кој ќе ѝ се довери и пожали дека неговата љубена наместо да се омажи за него, сака да прави кариера на оперска певица.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
На ракавите моравме да носиме давидова ѕвезда, за да бидат регулирани забраните кои важеа за сите Евреи: повеќе не смеевме да одиме во театар, опера, на концерт; не смеевме да одиме во ресторани и паркови; не смеевме да се возиме во такси; дозволено ни беше да се возиме со трамвај, ама само во задната кола; смеевме да излегуваме од дома, ама само во точно определени часови; телефоните ни беа укинати, а смеевме да користиме само две пошти во градот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тие денови, по будењата, се обидував да се убедам себеси дека треба пак да ја посетам Клара, и веднаш наоѓав изговор – во Виена имаше епидемија на пневмонија и шпански грип, и секојдневно умираа стотици луѓе, беа затворени училиштата, театрите, операта и кино-салите, се препорачуваше да се излегува од дома само кога тоа е неопходно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некој кој ќе ми ја подари розата од видот канцона, ќе ми ја даде емоцијата на операта од Моцарт.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
На почетокот не бил платен, но местото имало важно влијание врз неговиот живот, бидејќи бил обврзан да присуствува на сите проби и на сите оперски претстави, секогаш активно учествувајќи.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Приближно во ова време, Електорот ја проширил сферата на своето музичко дејствување со основање Национална опера во Бон, моделирана по операта што неговиот брат, Императорот, ја финансирал во Виена.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Неколку дена подоцна, по една претстава во операта „Гарние“, тој доаѓа позади сцената да ја поздрави, да ѝ честита за прекрасниот настап и ја кани да одат на панаѓур на кој се слави празникот „мајски ден“ слично како во Америка, во едно мало, идилично место надвор од Париз. Таа прифаќа.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
По завршувањето на студиите, паралелно со сликарството, Џарман се занимаваше и со креирање на костими и сценографија за Ројал Балетот и за операта Колосеум во театарот Колосеум.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Доселениците од Македонија во Венеција не ги читаат босанските поети кои пишуваат за потонувањето на градот – чуму да се чита потонувањето, велат, кога ние секиден го живееме тоа, чудо големо, градот потонува, ама ние секогаш сме над вода, мешаме малтер за обнова на старите палати, во малтерот, напати, за курбан, мешаме и по некој спомен од детството, а каде што треба, во обновените ѕидови на операта Феличе, на пример, заѕидуваме и по некоја нашинска песна, да се најде ако затреба, а каква што е непредвидлива иднината, секако и ќе затреба.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Бил композитор на опери, концерти и други дела.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
И постапија мудро – таткото беше оперски пејач, а помошта од еден грлат човек беше повеќе од потребна. Тој задишан влезе во собата за породување и започна гласно да пее арија од операта „Кармен“. Пееше прекрасно.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Повеќе