одора ж.

одора (ж.)

Големиот Брат е одората во која Партијата се претставува себеси пред светот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Опколен од сите страни со злато, дијаманти, смарагди, златни султански одори, човек не може да ѝ се противстави на мислата за величината на една многувековна империја, но тоа асоцира и на една тешка судбина на рајата, која ги создавале тие богатства а умирала гладна.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ноќва танцував до првата зора носев старинска скапоцена одора дотогаш бев возвишено спора а очите ме однесоа на црвен кораб Имаме еден прекрасен пес да се штукнеш да паднеш во несвест.
„МАРГИНА бр. 2“ (1994)
Архангел Гаврил, во муслинска одора, цврсти крилја, раката испружена кон неа. Ѝ носи вест.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Данте му земаше мерка на Бонифацио за новата ѓаволска одора која ќе биде моден хит идната есен.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)