одзвук м.

одзвук (м.)

Камбаната продолжува да бие. Ветерот го носи нејзиниот тажен одзвук и мракот го изсполнува со морничавост.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Часовникот го слуша како одзвук на камбана.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Пред нас стоеше сликата на Грамос и на Вичо што красноречиво ја опиша Високиот, слика многу поголема отколку што беа нашите мечти, а во ушите имавме одзвук на бомби, митралески и автоматски рафали.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Малечките бранчиња на езерото ја заплускуваа карпата на која лежи манастирот и се слушаше нивниот тих одзвук како чукање на часовник, како чукање на срцето од свети Наум.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Беше еден сосема тих глас, а по него еден длабок одглас на нешто како далечен истрел, кој потоа како да се повтори од поблиску, а низ сето тоа, едвај дофатливо за слухот, се носеа последните одзвуци од нешто, што не беше ни писок ни волчешко завивање, а тој во таа своја потонатост можеше уште да помисли дека вака може да се разреси во своите последни одзиви само човечкиот вик.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со себе ја носиме топлата сончевина и синилото на небото, зеленилото на шумите и одзвукот на ѕвонливиот ветер, мирисот на пчелинокот и чембрицата, опојниот вкус на зрелите шумски јаготки и желбата што тука, под ведро небо и под сенката на бадемите не успеав да отспијам и да отсонам дел од детските спомени и најскришните копнежи и таги.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во сето тоа истрелот се изгуби просто како да не постоеше. Го удри, тоа го сети уште веднаш, уште по тупиот одзвук, уште пред да ја види крвта, како се развеа во една црвена перјаница како облак по белината околу она погодено, збеснето - самјачиште.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Каде ќе можеш да слезеш до дното на душата, каде ќе помечтаеш, и каде ќе излееш горчина, ако во домот, ако во твојот сопствен дом не најдеш, за сето тоа, одзвук, ехо...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И по законот на ноќта во Белата Долина, која некој ја нарекол бела сигурно во една ваква ноќ, од некаде од далечината почнаа и сега да поникнуваат дивите писоци, целите во некакви кристални одзвуци и на некој начин сосема свои, сосема домашни, тука, во овој бел заблескотен свет.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имаше нешто полно и глуво, нешто сосема решено и тупо од тоа, како некој полн, глув одзвук, сиот тој мир околу него, и сиот негов мир; тоа му го придушуваше здивот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Музиката на јазикот со лукав одзвук на лунатик како мицелиум ќе капне под листовите ќе се овоплоти од Бакхус, Дионис и Бес ќе земе што мора - смисла за уживање, искушение трагизам ген за ритам, стих и мистицизам и ќе стане врашки убава, само-битна Луна! 4.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)