несреќен прид.

несреќен (прид.)

Самотијата е мачна и тешка, осамените луѓе се несреќни луѓе.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Мислев тоа се несреќни луѓе, болни, неизлечиви.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Европејците се потресоа и се ужасија од тие известија и зафатија да им го укажуваат нужното влијание на своите влади за да се пресече колењето на мирното население и да му се помогне на несреќното македонско жителство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Оваа противречност па дури и неправедна осуда на еден цел живот морам да признаам дека ја окарактеризирав како црн знак што ја краси судбината на несреќните.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да, си дозволуваме да живееме во радост, пред да нѐ зграпчи несреќниот крај на козите, не сакајќи да ги пропуштиме последните мигови среќа со нив.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Неговиот гнев ја преполни чашата, а јас пијана и како без душа ја завршив ноќта во чувство на несреќно и грдо пајче.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Речиси сите сиромашни семејства се среќни или несреќни на ист начин.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ни една несреќна ноќ не се симна по покривите без тебе.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Тој рекол дека лично е заинтересиран на тие несреќни луѓе да им се даде не само формална помош, туку и срце.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ако е така, тогаш што се бара од македонската интелигенција за да се олеснат несреќите на Македонците од сегашната несреќна авантура?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сиромашните семејства се среќни или несреќни секогаш на ист начин.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но честопати некои постигнуваат среќа правејќи ги несреќни луѓето околу себе.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Првиот смртен случај бил испитан и затворен како несреќен случај.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сметаме дека ќе биде интересно за вашите читатели ако им ги соопштиме имињата на оние бугарски претставители кои по 450 години на 15 март 1871 г. се собраа во престолнината на некогашната византиска слава и величие за братски да се посоветуваат како да си ја уредат својата црква на која до пред десетина години ѝ се закануваше опасност да стане плен на фанариотите; таа и денес од нив страда насекаде во несреќна Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Денес го замолив Превер само малку да ме одмени или да украдам барем од неговиот гениј Но зборот кој плени не доаѓа лесно Заглавен в челуста на мојот ѕвер Не излегува низ грлово тесно А јас кутриот волонтер Несреќен ко осамен солитер Прогонет ко декадентен Бодлер Корисно сакав да направам нешто...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Таквите несреќни случаи беа чести во Одделот за проза.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Никогаш не му дадов знак дека е во мене и дури по оној несреќен ден кога ме расипа агрономот во изораната нива и додека бев во болница во Сомбор тој се појави и јавно ми призна дека мене ме гледа како замена за својата спалена невеста независно што ми се има случено.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тие гледаа дека сум многу несреќна во околностите во кои се наоѓав, најмногу заради моите цивилизациски потреби за окружување со повисока интелектуална конфигурација.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Таквото дете полека израснува во непоправлив лажач, а бидејќи лагата и лажговците лесно се препознаваат, тоа дете станува несреќен возрасен човек.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Можеби настаната од потребата да се поттикне јунаштвото кај борците; (нели, се зборуваше, откако успеал да ја протне бомбата низ отворот на бункерот, тој со своите гради го затнал тој отвор низ кој митралезот го бранел влезот во рудникот) а притоа творците на ова тврдење изумиле дека приказнава може да втаса и до ушите на тетка Боса Сотирова и дека тогаш јунаштвото на Благоја нема да е поттик туку ќе претставува бодеж што ќе длаби во срцето на несреќната мајка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Повеќе