неспокојство ср.

неспокојство (ср.)

Во душата ѝ се родило големо неспокојство.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Неспокојство ме гризеше сѐ додека не ве видов ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ова придонесуваше да западне во метафизичко неспокојство кое траеше подолго време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Последниот гостин го слушаше со неспокојство.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се ближи рокот за предавање на објектот и неспокојството расте.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А мене ме фаќа неспокојство, дотука бидува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Седеа на иста клупа, меѓу нив е главурдакот јавач и бардакот со вино и двете чаши. Попот имаше нешто позасилена брада и творечко неспокојство во очите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се колнам, го криеше сето неспокојство на оние што пред тоа биле тука затворени.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Пелагија запира малку, ја поткрева главата, врз лицето ѝ паѓаат првите студени снежинки и наместо да ѝ одговори на Чана, друга мисла го зафаќа местото во нејзината глава, дека може заради оваа промена што мигум се случува таа го имала тоа ни добро ни лошо треперливо неспокојство.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Па сепак, продолжи да чувствува некое необично неспокојство, во кое имаше страв измешан со непријателство, секогаш кога таа ќе се најдеше во негова близина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога се создаде пријатна весела атмосфера, Кметот фрли поглед кон учителот, го задржа на него, потоа ја зеде чашата, им наздрави на полковниците, се чукна и започна разговорот да го врти на проблемот со селото; им рече дека луѓето живеат во немир, во неспокојство, дека нестрпливо чекаат да видат што ќе биде со селото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Едно нервозно движење, некој несвесен израз на неспокојство, обичај да си зборуваш сам со себе - сѐ што содржи навестување на ненормалност, или на нешто што сакаш да скриеш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Умрел ли туѓинецот во тој Онисифор Мечкојад, испарило ли од неговата крв сеништето со дамари на неспокојство и поттикнувач на бес и самоволност? Не, можеби тој нешто смислувал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги знаеше тој ваквите ноќи, во нив и тој не можеше да спие мирно, но тој сега воопшто немаше ни трошка од она свое неспокојство.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сакате? - ја држеше издолжена празната чаша кон рибарот кој му туриваше радосен што тргна работата, што проблемот ќе се реши многу лесно, без мака, без страв и неспокојство.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Целиот септември, најубавите денови, и еве сега почетокот на октомври, минуваат во знакот на тоа неспокојство, на тој немир, и во отсуство на било какво седнување зад машината за пишување.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
3 „Таа е нема!“ Ги повторувал овие зборови на осаменоста и со неспокојство на нешто што е занес или копнеж, или најмногу религија на нејасна љубов.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Забележувам некое неспокојство, страв , горчина , но ваквите состојби не ги поврзувам со мојата вина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Моето внимание, иако пак по повод тој бунар, беше сега свртено на друга страна и ми обезбедуваше, ако може така да се рече, еден друг вид неспокојство.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Кое е девојчиштево, што сака? станувале недоверливи. Срцата им биле опфатени од неспокојство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе