ненормален прид.

ненормален (прид.)

Човештината бара од нас да се искорени во нашата татковина таа ненормална состојба и да се примират брат со брат, татко и деца.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но секој обид општеството да се предочи како конзистентен модел нужно е обид кој, за да биде селективен, арбитрарно одредени начини на општествен живот ги прогласува за норма и, според истата логика, сите други феномени ги класификува како ненормални: или како резидуум на минатото кој евентуално ќе ја изживее својата цел и ќе исчезне, или како некакви туѓи елементи кои што мораат да бидат искоренети или маргинализирани.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сметам дека привлекувањето на истополови единки се јавува како резултат на некои вонредни изместености. Тие не се ненормални.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Современата уметност ја нема катарзичната улога поради едноставна причина што современите уметници не прифаќаат дека постојат „нормални” наспроти ненормални човечки услови; дека постои некој општ морален закон кому можете да му се вратите од абнормалноста.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Подобро се сеќаваше на ненормалните неспокојни околности од тоа време: на повремените тревоги поради воздушните напади и на криењето во ходниците на подземната железница, на купиштата урнатини на сите страни, на неразбирливите прогласи излепени по уличните агли, на бандите млади луѓе сите во кошули со иста боја, на огромните редици пред фурните, на повремените престрелки со автоматски пушки во далечината - над сѐ, на фактот дека никогаш немаше доволно храна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Физичките испитување не покажаа ништо ненормално. Никогаш и не се покажува.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Твојот ум ме привлекува. Тој е сличен на мојот ум, само што си ти, ете, ненормален.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Психоза: ненормална состојба на умот составена од халуцинации, дилузии и неорганизираност на мислите.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Општо земено, колку поголемо е разбирањето, толку е поголема самоизмамата: колку поинтелигентен, толку поненормален.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Едно нервозно движење, некој несвесен израз на неспокојство, обичај да си зборуваш сам со себе - сѐ што содржи навестување на ненормалност, или на нешто што сакаш да скриеш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие денови имав работа во центар на градот и се изнервирав кога видов купишта споменици што се прават: „Онаму од кај што излегов… луѓето се лекуваат под ненормални услови, во никакви болници…
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Нашиот ѕвонар, другарот Анески, еден од некогашните членови на оваа куќа, во свои часови мошне живо си спомнуваше за сето тоа и што беше најчудно секогаш сам почнуваше да раскажува, без некој поголем повод ќе рече: - Луди како луди, ненормални, - велеше, - дај им малку боја и забораваа на сѐ, со денови забораваа и за јадење и за спиење.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И како што е ненормално да се оди на спиење в изба, ненормално е постојано да се живее на катот.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
И, навистина, голем дел од машката геј-култура благува во дејности што – за разлика од геј-сексот, кој општествено се осудува како ненормален и неприроден – будат сеопшт восхит од стрејт-општеството, сѐ додека подразбираат разубавување на светот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
67 При средбата со него најнапред ќе се почувствувате малку непријатно, бидејќи тој, забележувајќи ве, ќе направи еден потполно ненормален израз на лицето; просто ќе имате такво претчувство дека тој човек токму сега ќе пријде и ќе рече нешто грозно, како: „Квинтилиј Вар, врати ги легиите!“
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)