настинка (ж.)
Ти давам ритмика, метрика безмерна. Оргазам сум и настинка за оние кои ми бараат уште првата вечер.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Од сите страни непрестајно стигнуваа жалби дека грбовите и рамената не само, да речеме на титуларните, туку дури и на најтајните советници, им биле изложени на сигурна настинка поради ноќното одземање на шинелите.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Нашата загриженост за неговото здравје сѐ повеќе раснеше, и не забележувавме дека Хајнерле од ден на ден сѐ повеќе слабее, температурата на челото ја сметавме за дел од возбудата заради промената на средината, кашлањата за дел од настинка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Потоа, морав да го приготвам ручекот, и тоа со настинката што сѐ уште ја влечам.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
На Петра ѝ се навираат очите, чиниш извор ќе џвркне, ама пред да потечат солзите ги покрива со прегачот и ги забришува, да не видат внучињата, како да е од некоја настинка, кивавица, и сосила кивнува неколку пати.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Подоцна, многу подоцна, се чуло во Кукулино од некои кираџии дека се вратил оддалеку маж ѝ на Фиданка Кукникова и исекол поголема гранка од дуњата во дворот, ја исчистил од кора и ѝ ја измерил тежината со десната рака, бил висок, со светла коса и имал во торбите и дисагите што ги донел на маска секакво богатство; веднаш, со првата ноќ на неговиот втор живот во Лесново, ги спобркал сенките што се грчеле со машки воздишки околу неговата куќа сѐ додека не натерал тројца никаквеци да се напикаат во манастирот па тој таму без збор ја дигал и ја спуштал ластегарката поттикнуван од цел куп жени што дошле да ги собираат своите парталковци и да ги лекуваат дома од модрици и навреденост со толчен печен кромид во зејтин, потоа, по три или четири месеци, кога можело да се види дека прочуената убавица затруднела, попот знаел дека ќе остане без нова кошула, без нови чорапи и без куќа иако Доце Срменков му рекол дека ќе му купи нови опинци и, повторно облекувајќи ја везената кошула, отишол во некое штипско село по осамена вдовица со момченце од три години и со покуќнина што можела да се натовари на два магарешки коша, така било, селото се наполнило со доенчиња до првата протока на ракиските казани во сувите дни кога младите татковци се насмевнувале со модри усни кон Фиданкиниот маж од чија ластегарка сѐ уште накуцувал ситноглавиот Гавруш Пребонд но тој и порано со есенските 'рѓи чекорел под тешката облека со една здрвена нога од настинка и веќе се пеело, законите на Лесново или биле измислени заради дојденците или се заборавиле, и се кршел каменот по пештерите, впрочем и можело - на небото потрепетувале многу повеќе ѕвезди отколку што ги паметеле луѓето во тоа кратовско село.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Не кажувајте ми дека сум добро, дека настинката минала, зашто јас, докторе, сѐ уште се чувствувам лошо! Ха!“ се засмеа тој на својата вообичаена шега.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Или може да е, благонадежно додаде тој, само настинка што ѝ навлегла во мускулите.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Знаеше како треба. Така го лекуваше мајка му од настинка.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Медот е лек за сите болести; нема болест што не ја лечи: тифус, офтика, дизентерија, гушоболје, малокрвност, болки на срцето, на џигерот, на жолчката, на бубрезите, нервни заболувања, настинка, ревматични заболувања; го регулира притисокот на крвта, помага при несвестица, слаб вид, астма, ја штити кожата од лишај, красти, првут, струпци, спречува труење, зарази, уништува бактерии.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
— Ова не е настинка, вели.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Бунтовник по природа, ѝ објави војна на настинката.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Тој веќе беше стар, вкочанет, грозничав, тој имаше настинка, грип и воспаление на бели дробови во исто време.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Многу корисници на екстази се жалат на континуирани симптоми на настинка.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Мајсторот Ратко внедоапно фати некоја летна настинка и, еве, три дена, нема мрднато од постела. А во гаражата имаше многу работи.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Само минатата есен и зима на три пати го кутнаа настинки.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)