муслимански прид.

муслимански (прид.)

Таа е од познато бекташко муслиманско семејство!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Христијаните и Евреите под муслиманска власт можеле слободно да ја исповедаат својата вера и да ги извршуваат ритуалите, задржувајќи ги своите цркви и синагоги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во XV век неговите ученици ќе го реорганизираат братството во верски ред и секој млад јаничар ќе биде воведен во ритуалите на овој ред на Бекташите од навидум муслиманска припадност, но кој се сметал за турскосунитски ерес.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко се увери дека можеше да се пишува нова историја за османското време само врз основа на автентичните документи која би имала сосем друг поглед врз озлогласените институции посебно во мотивите во промената на Бога, на јаничарството, но и за позитивните облици на соживот меѓу христијанското и муслиманското население во долговечниот период.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сите наши ученички: и малите рисјанки, од католичка и од православна вера, и муслиманките, младите д’нмевки (сефартките преобратени во муслиманска вера) и израелитките!“
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко беше погребан во предниот, поистакнатиот дел на муслиманските гробишта, близу една асфалтирана патека, веднаш спроти неколку еврејски гробници.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сето тоа ќе му се случи зашто на своите сонародници ќе се обиде да им даде на знаење дека ги замениле трите верувања (католичкото, православното и муслиманското), својствени на албанскиот народ, со сталинистичкиот марксизам, кој ќе завладее како нова религија бришејќи ги другите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Потоа, минувајќи како сиромашни муслимански аџии, им објаснувале со турски зборови на Турците дека се со кулаклии а најстариот со наџак за да се одбранат од арамии и, штотуку дошле во својата куќа, се наметнале пак со кожуви.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Беа тоа луѓе од двете вери: рисјанската и муслиманската, од различни националности.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И токму во тие години, но и порано, се сопира природната и социјалната еволуција на детето, радикално му се сече потеклото, семејната врска, му се менува религијата од христијанска во муслиманска, се станува целосно зависен од Империјата, посебно од императорот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Според муслиманската вера арам е сѐ што е забрането, спротивно од алал, што значи на арапски сѐ што е дозволено.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Армијата е нација во нацијата: таа е порок на нашето време !, запрев на една мисла на Вињи, кога високиот офицер со босанско, муслиманско презиме на иќ задоволно го завршуваше предавањето, покажувајќи ја моќта на нашата одбранбена стратегија и немоќта на западниот империјализам да нѐ загрози преку Јадранското Море!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Отпрвин тивко, потоа гласот стануваше сѐ позвучен, разлевајќи се низ кумановските сокаци, допирајќи до ушите на муслиманските верници.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Макар што поголемиот дел од населението помина во муслиманската вера, Албанците религијата ја сметале за духовно прашање, а не за израз на идентитетот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Оваа година ќе го означи и почетокот на муслиманското владеење во Шпанија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Веќе падна мракот додека гавазот и Бошко, со мртвото тело преку своето седло, се прибраа во градот, па валијата нареди покојникот да ја преседи ноќта во куќата, иако според муслиманските обичаи тој требаше што поскоро да биде закопан.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Султанот Абдул Азиз кон крајот на XVIII век испрати ферман во кој се вели: „По барање на муслиманското и на православното население на градот Белград Арнаут (Берат), наредувам да се подигне црквата Свети Митри во центарот на овој град”.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не се тие лесни девојки“, ѝ рече кога се разделуваа, а таа знаеше дека следниот ден, во „комбинованата“ соба ќе бидат наредени, како по стар муслимански обичај, сите подароци, обесени на закачалки врз корнизот, за да може да ги покаже, како и букетите спакувани во целофан и наредени накосо на сите долапи во регалот, нормално без вода.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во споменатиот извештај до министерот за надворешни работи Делкасе, тоа тој посебно го истакнува: „Но, јас морам да им оддадам признание за напорите сторени од страна на нашиот генерален гувернер, за да го задржи настрана муслиманското население.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И на крајот изборот ќе падне на Гијом, меѓу другото затоа што бил протестант што значи во земја со народ на трите конфесии (православната, католичката и муслиманската) најлогично било да се избере крал носител на четвртата вера!
„Граница“ од Луан Старова
Повеќе