море (изв.)

Ех, море, никој не сака да ми ја знае маката.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Е, море, никаквец - му префрлува Јани - барем би можел да фрлиш некое зрно повеќе... мешаш и сал мешаш небаре е најубавото јадење... - Па е - вели готвачот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Море тој на тамбура место жица влакно од коњска опашка врзува.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„'Рѓо 'рѓосана, Досто! Си видела сомун, па сакаш погача. Не ти е доста чупе, па требело и дете. Море, дертот ќе го вате ошче еднаш јас кога ќе стенкам долни крај, душата да ми излева!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Вели: - Види, види само паѓа в уста, како крушка, како бонбонче, море како локум со ореви... Ам, ам, бре, што е слатко...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Море, бери ум зашто некој Лазо ќе ти го собери...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Море да живее умниот комбинатор другарот Горјан! - рече комесарот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Море ти остави го шетањето по светот и објасни што се тоа пролетери? - Пролетери ли? - Аха!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Греј! Каков е тој греј? Море, гледај да не те репне некој со некоа ластегарка, та од греот нема да те болат ребрата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Море, ти таму немој многу да мудруваш.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
– „Море не велете ми аџија, бре селани им рекол Силјан, оти не би касмет да одам на аџилак, чунки дуовникот што ме зеде да ме носи се удави в море; оставете, браќа, не е за кажување и за верување тоа што сум патил во овие две-три години, ама ак ми беше тоа што сум патил оти од таткова и мајкина клетва не сум верувал.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Лапавицата ко паспал ни се лепи на алиштата. Море погано време!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Ти веќе си решил сете витолишки вдовци да и ожениш, и види — не види, ајде во Рожден по невести. Море, гледај да не те пречекаат негде по Попова Ливада виа вашите аламани и да те оплескаат, бреј!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
-„Море не ви кажувам, бре браќа, приказни, им рекол Силјан, ами ви кажувам вистинско сторење и патување мое, и преѓе ви кажав и сега ви кажувам оти штрк бев и во штркова земја бев, две лета тамошни сум работил полска работа во куќата од штрковите наши што се на нашава куќа.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Море гледај си работа, - рече некој.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Море ти реков, нека ми го донесе мене господ со здравје детето, та со тоа што се нашло ќе го женам. Пак санким не се купува!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Место рогузина и црни козинави покровчиња и шарени перници со слама полни ,овдека ефендиите најдоа: море — душек исполнет со волна, море — веленца, па дури и меки и бели перници со бубаќ и волна полнети!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Налутен како рис прв дотрча кај војводите и уште од педесет метра почна да вика и псуе: — Ами вака ли, море коркари, ќе го падеме Турчинот, слепци да водите што го зедоте на душа народот, аир да не сторите во очите да рече господ златен!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Море колку многу е себичен човекот, си мислам, колку брзо заборава на своите домашни.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Море, цели секавици си фркаат меѓу запците од чешелот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе