монопол (м.)

Но не смееме да заборавиме дека модерната држава има монопол над движењето.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
КОНЦЕНТРАЦИЈАТА НА ПРОИЗВОДСТВОТО И МОНОПОЛИТЕ
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Се напика во пепелавиот фустан и молчејќи замина на кај монополот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Откако Ленка остави кошула тенка ленена недовезена на разбој и на наломи отиде тутун да реди в монопол - лицето ѝ се измени веѓи паднаја надолу и усти свиа кораво.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Монополот е премин од капитализмот кон повисок систем.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Влијанието на концентрацијата врз никнувањето на монополот во крупната индустрија овде се покажува со кристална јасност.“
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Уште се работеше на зградата а таа влечеше малтер со една друга Егејка, исто, знаеше дека се почнуваа други згради подолу во бавчите и работа ќе има за неа сигурно до идната година, таа сепак појде до Трудот и потпраша за работа во Монополот, повикувајќи се на една белешка во која стоеше дека работела некое време во Монополот во Прилеп.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Економистите пишува ридишта од книги опишувајќи одделни појави на монополот и продолжувајќи во хор да изјавуваат дека „марксизмот е побиен“.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Сега треба да преминеме на опишување на тоа како „господарењето“ на капиталистичките монополи, во општата ситуација на стоковното производство и приватната сопственост, неизбежно станува господство на финансиската олигархија.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Откако единаесеттиот ден од месецот во раните утрински часови беше спроведена рацијата во трите места каде што живееше еврејско население, според прецизниот план, лицата од еврејски происход како што службено ги именуваа, без оглед на полот, здравствената состојба и возраста, беа донесувани, и според прецизниот план и инструкции и конфинирани во големата зграда на скопскиот тутунски монопол.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Фактите покажуваат дека разликите помеѓу одделни капиталистички земји, на пример во однос на протекционизмот или слободната трговија, обусловуваат сосема несуштествени разлики во формата на монополите, или во времето на нивното појавување, а пораѓањето на монополот поради концентрацијата на производството е општ и основен закон на современиот стадиум од развитокот на капитализмот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Константин З . се чувствуваше семоќен, гледаше во огромното сиво здание на поранешниот монопол и сам си го поставуваше прашањето: дали некој друг успеал цел еден етникум да затвори во една единствена зграда?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Конкуренцијата се претвора во монопол.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Таму каде што може да се приграбат во свои раце или главните извори на суровини, никнувањето на картелите и образувањето на монополите е особено лесно.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Во еден од најновите прегледи на историјата на „образувањето на монополите“ читаме: „Од епохата до 1860 година може да се приведат одделни примери на капиталистички монополи; во нив можат да се откријат никулци на оние форми што сега се толку обични; но сето тоа се безусловно предисториски времиња за картелите.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Економски основното во тој процес е сменувањето на капиталистичката слободна конкуренција со капиталистичките монополи.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Сега монополот стана факт.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Младичот беше задоволен и често повторуваше дека ова ќе мора да им успее, му објаснуваше дека ги притиснале в ќорсокак луѓето од монополот, го извеле тоа многу добро, а за она му рече дека тој ќе мора да си однесе и нешто дома, таа пролет; тој веќе беше почнал да се подготвува за одење в село.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А монополите секаде со себе ги носат монополистичките принципи: искористување на „врските“ за доходна работа доаѓа на местото на конкуренцијата на отворениот пазар.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Само владеењето на колониите дава полна гаранција за успех на монополот против сите случајности на борбата со соперникот – дури и таква случајност кога противникот би посакал да се заштити со закон за државен монопол.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Повеќе