мисирка ж.

мисирка (ж.)

Тој Митко беше човек како оној сиромавиот од прикаската кому некој му фрлил во дворот мисирка наполнета со злато, а тој му ја однел на богатиот зашто таква гозба не била за сиромав како него.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој имаше слушнато дека мисирките се поглупави, буквално кажано, тие немаат доволно чувство да се скријат од дожд, но Милан немаше никакво искуство во одгледување на мисирки.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Бидејќи јадењето во куќата на Адам обично е компромис од наследени вкусови, ручекот, како и појадокот, е стриктно од новиот свет - сендвичи со хамбургер, сирење, шунка или јајца, повремено, во понеделниците или по празниците, сендвичи со печено месо од пиле или мисирка и, се разбира секогаш откршено парче пита или колач, и овошје - јаболко, круша, а понекогаш можеби и банана.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој не мереше контракции; тој месеше како да си тесто и, дали од страв или од некоја друга причина, двете со Споменка, како мисирки сокриени под покривките, тивко си плачевме и ја проколнувавме идејата да бидеме чисти.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А, уште едно копанче, синко мајчин, а? Како мисирките на три нозе да одат...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога, на одење, што слуша - плаче дете во куќата, зајдува - бабо, сакам уште едно копанче од мисирката.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се враќа Пецоица дома и прааво кај Пеца. Вака и вака, ја изеле арамиите мисирката.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се случило на Пецо Кацарот му снема мисирка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Си крадел страчкини јајца, ќе крадеш и мисиркини, па дури и мисирки.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ги убиваме на милиони и ги јадеме секојдневно - кокошки, говеда, овци, мисирки, свињи и што уште не.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сакам месо! Сакам прасиња, мисирки, кременадли!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Што не сторија Богоевци. Печени мисирки на гробот Пецов носеа, на крстот бардачиња со вино му обесуваа и ништо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Јас сум, му одговара некој однадвор, - комшијата Пецо Кацарот. Врати ми ја мисирката, мевце ми се пријало.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И нели е тоа причината заради која харемската мисирка безуспешно ја виткаат во најлонски обвивки кои впрочем, уште повеќе ги истакнуваат нејзините облини?
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ќе одат на гроб, гледаат - виното испиено, мисирката изедена, а вечерта иста песна...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се колнат тие, а клетвата е поголема не само од мисирка туку и од овца. Што да прави Пецоица? Сака-нејќе ќе поверува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)