ловец м.

ловец (м.)

Валканици од црвен кармин ловец на вистински чемер...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
ЛОВЦИ
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Чуновите на кои лежеа со чинки на очите довчерашните ловци на робови ги одбутнавте од брегот кон реката.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И ловецот тогаш ќе ја крене пушката и ќе го застрела крмакот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Експертите по сликарство, спротивно, откако со пробивен поглед, низ трепките или окалките, ќе се здобијат со општ поглед, односно впечаток за сликата, му се доближуваат на платното со бесшумен чекор на ловец кон дивеч и со око како лупа во едната а со нокот како пинцета во другата рака почнуваат да чепкаат по боите а особено под боите, во потрага по тајната или прелагата на мајсторството.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Оваа ловџиска сцена покажува еден високо кодиран однос меѓу ловецот, ловениот и нивната околина.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
По плачот општ се сети дека веста беше болна и танок таа пушти крик, да, како лавица, што дрско ловците ја гонат и плодот ѝ го крадат прв ...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
И кога ловците ја здогледале зајачицата го натерале да го запре автомобилот, ги отвориле вратите и се стрчале кон грмушката.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се разбира немоќниот волк фатен во стапицата на крвожедните ловци би требало да асоцира на судбината на владетелот кој по никаква цена не сака да се оддели од власта, штитејќи ги малите немоќни волчиња, односно народот, според логиката на Бургиба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога ловецот е плен Ти си ловец на соништа, а јас ловам копнежи.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Крмакот ќе ја убие мечката, а ловецот ќе го застрела крмакот, и така со два улова ќе се врати дома, велеше татко.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама на третиот ден, велеше, ловецот ќе дојде порано и со пила ќе ја засече буката на која се качуваше мечката, ќе ја остави само малку недосечена, велеше, колку да се крепи, да се држи исправено дрвото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мечката ќе се подисправа, ќе крева камења и ќе се подисправа, велеше, ќе сака да го удри, да го погоди со каменот, ама крмакот е само пред неа, зад неа, покрај неа, в жили, ќе фрли подалеку од него, и така, ќе се умори, или ќе се уплаши и пак ќе се качи на буката, велеше, и ловецот скришум тоа ќе го гледа и пак не ќе се јавува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Та покусата нога на оној и не се познавала толку многу, била само белег, по кој сите други ловци од селото во тоа одамнешно време можеле да ги распознаваат неговите стапалки во снегот додека излегувале во утрините од селото и да знаат дека тука, пред нив, порано од нив, поминал тој - па човече, ене ја онаа негова патрива нога.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пионите секогаш се жртви на почетокот, за разлика од ловците, топовите и коњите, кои се дел од вториот ешалон покорни на Кралот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Еден ловец мирно ги вкрсти лакот и стрелата и дури тогаш го погледна момчето.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Двете топло му се заблагодарија на ловецот и радосни направија забава за сите луѓе и животни во шумата.“, заврши мајката.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Но помеѓу ноќното ловење на полуголиот господов слуга и настанот што долу, во селото, тој некако им го раскажал на ловците од Кукулино и на неколцината ранобудни лесновци, лежеле во просторот на времето полни тринаесет години.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Умираат од загадениот воздух, се трујат од тие хемиски средства со кои човекот ги прска растенијата, а голем број страдаат од несовесни ловци, оние со вистински ловечки пушки, но страдаат и од помалку опасните воздушни пушки што најчесто се наоѓаат во детски раце.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
А ловецот само чека, чека да се умориме, да се истребиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе