липа ж.
липа несв.

липа (несв.)

Тој космички миг на среќавањето со мртвото тело на Рацин на плоштадот, покриено со знамето на земјата, на неговата земја за која живееше, страдаше и пееше, тој молневит душевен потрес, таа отворена рана, страдалничка, на елегичните стихови на неговата Балада што нѐ сплоти сите во плач и липање беа, можеби потсвесно, но длабоко во чувствувањето и мислата оној никулец што ги откриваше како еден нов, дотогаш непознат свет на болката на постоењето и на убавината на зборовите, мојата чувственост, мојата приврзаност и определба за поезијата.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Ја кријам главата ко желка под корупка и си липам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но таа сѐ посилно липаше гушкајќи ме мене: - Не зборувај, чедо.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во отворениот прозорец на општинскиот писар се мачеше крцкаво липање на виолина. Се поткренав на прсти и ѕирнав.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Можело да се очекува дека неговите маки еднаш ќе се споменат со гускино перце во некоја библија над чии страници ќе липаат поколенијата; но сѐ ќе било попусто и веќе никој не ќе можел да му ги смекне раните на душата што со копнеж се стремела кон височини.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Знае дека некоја од девојките тивко липа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зад себе тој слушна плач и липање.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Липав за сите Баби со тешки товари во корпите, за Тетките со сини измастени пликоа во долги редици пред поштите, за Таксистите на црно кои со инспекциите и патарините се расправаа, за Циганчињата на Камениот мост кои просејќи умираа за нивните родители да живеат... за кои никој не собра заедничка сума, затоа што на родителите, законски не можеа да им се одземат...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
По летото денот липал, а од својот душек дрпав оној костур бесно срипал.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Улицата опусте. Само понекогаш липаше со грозни тонови виолината на писарот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
До тротоарот чучеше Ане со едно парче леб во раката и липаше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Постарата сестра сега просто липа, конвулзивно ѝ се тресат мршавите раменици.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Наместо да се радувам јас липав и ги лачев сите емоции од претходно како тоа да ми дојде соодветен изговор за изливот на емоции.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тој си го избакнал детето во лулката, нежно ја прегрнал саканата, и таа цела ноќ го слушала како ѝ липа врз градите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Тоа е кондом”, липаше и плачеше толку силно што кимоното ѝ се отвори и можев да ја видам контурата на таа работа врз испапчувањето на нејзините пупки.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И втора година ме мори нежива заспивам пред зори без адамово ребро липам ко плам биди мит за привиди ненасит и минатото да биде мило да биде што не било ***
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Дури тогаш се сетив за нејзиното липање во чекалницата кај Подувкина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Потеравме за в село. Одиме по магарето и само липаме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Клечи така и липа суво и не знае кој (неговиот утрешен призрак можеби) се исправа од грчот на преврелата снага што е и не е негова и оди и се враќа со стара стаклена ламба и ја крши од вратата и ја вади ронсоновата запалка од џеб.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тогаш улицата се смируваше. Престануваа доверливите шепоти на жените, а лагите на лимарот, и липањето на писаровата виолина.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Повеќе