крштава несв.
крштева несв.

крштава (несв.)

Првото сигурно им е на кршатавањето в црква.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На неделата, или и пред недела, крштаваат сиромасите што не одат на пазар нарочно за крштевање ќе купат по некое бришалче од анот в село, ќе го внесат детето в црква и од црква — дома; бабата и нункото колку за адет ќе каснат и ќе си одат без голем калабалак и мастраф.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Старата обично одеше да крштава само машки деца за да може, кога ќе пораснат, да се кокори на свадбите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А на корилчињата им го имав извезено името на децата. Поп Танаско ми ги напиша кога крштаваше вода...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кон осум девет саатот црквата се наполни, Тие што имаа „пресни мртовци“ донесоа пченица и поскури да ги препее дедот поп и да им раздадат за душа, некоја невеста дошла да си прави молитва со малечкото на шест недели; други ќе крштаваат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Донесоа веќе едно дете за крштавање и дедот поп ги зел ножиците, го потстрижува Потоа го капи со зборовите?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таму затекоа две деца за крштавање пред нив, а по нив дојде уште едно, та така дедот поп Трајко оваа недела крста четири.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
АРСО: Е, тогаш и кумството е — свршена работа: в недела на крштавање „Кажи, куме, име“. (Му покажува со движење како ќе го носи и држи на раце бебето.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СТРИКО КОЉО: Живи-здрави! Сѐ за добро! На радост да тргне! Господ да повели на венчавање, крштавање!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ПЕТРИЈА: Да си ми жив, куме, да ни крштаваш, да ни венчаваш! Да ти е жива кума Праскарева и кум Томче! Господ снаа да ти даде! (Пие, на Арсо.) Повели!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Татковците ќе си ги крштаваат децата, пак се клештел Адам Лесновец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)