кривули несв.
кривуличав прид.

кривули (несв.)

Стигнаа пред Ридот. Од подножјето до дворецот кривулеа камени скали.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Навистина беше забавно да се гледа во огледалото, да го плази јазикот и да се кривули.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Поради него голтавме на криво, ги мазнувавме сите „ручеци“ , го збрзнувавме купувањето, кривулевме како болви низ квартовите на Париз, од плоштадот Мобер до Етоал, во паника да не бидеме продадени, во стравот од крајниот рок, од инкасаторот, прогонетоста од даноците...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тоа беше едно старо, изедено од зајаци пасиште, со изгазена патека што кривулеше преку него и со по некое ритче овде-онде.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)