кошар (м.)

Кога војските од оваа страна на фронтот започнаа да ги зацврстуваат своите позиции спрема Грција за да се спречи нападот на француската и српската војска, близу до селото во една од селските кошари донесоа стотина волчјаци за да ги дресираат; дресираните кучиња ги испраќаа по граничните караули.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Штом ќе почнеа да зреат крушите, на гранките слетуваа илјадници врани и чавки. Крушата потемнуваше и бучеше како кошар.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Кое од чадот, кое од испарувањето на утрешната роса, тоа беше поклопено со танок слој и како преку коприна се наѕираа ниските чифчиски кошари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И не е никакво чудо, Адем е чифликсајбија со имот од илјада дулуми, илјада и петстотини овци, сто и педесет говеда, дваесет коњи; со кула и кошари за чифчиите, а Муарем е негов измеќар, само за разлика од другите тој не е обичен слуга, а служи со извесен понос.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А кога дојде свети Атанас зимен и Спасовден, Стале од двете најблиски и најголеми села, не само што собра пари за два манастира, ами направи веќе и булук од 150—200 овци и кози, подарени „за здравје“ и три четири телиња, една две крави за домазлак на манастирот, та дури и една кобила и пет кошари пчели.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
I Дождовите деноноќно врнеа; туриваа силно, поројно; не се знаеше што е небо, што е земја: споени беа, измешани, каша; урликаа реките, потоците, трапиштата, суводолиците; влечкаа од планините чакал, гнилеж, дрвја; се разлеваше водата низ селото ги поплавуваше дворовите, куќите, плевните, ќералите, кошарите, гаждарињата, бавчите, гумната, нивјето, трлата, елиците, стоговите, листовниците - поплавуваше сѐ; туфкаа луѓето не можејќи да излезат надвор, рикаше добитокот гладен, гракчеа кокошките бегајќи сѐ повисоко на кокошарниците и плевните за да не ги зафати водата што растеше; прегладнети удираа со клуновите по гредите и ќерамидите; кучињата пливаа низ водата влечкајќи удавени животинчиња за да се нахранат; гледаа тажно луѓето од куќите, од прозорците, гледаа во водата што растеше, во дождот што непрестајно паѓаше како да се истуриваше од некои небесни мориња; овошките во градините и дворовите стрчеа со ветките над водата како давеници што бараат помош; полесните предмети: сандаци, кошови, канти, каци и разно овошје, пливаа по водата, одеа каде што ги носеа брзаците.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)