корупка ж.

корупка (ж.)

Свикнати да те препознаат штом ќе ги одделиш од душата на ноќта гаснат огновите на новите соѕвездија или се кријат во корупки од воздишки.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ја кријам главата ко желка под корупка и си липам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но таа се собра и ја наводени корупката под себе.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сонцето ми ги засушило усните ко испукани корупки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нѐ гледа уплашено и рини од тиквата со корупче. Му кажуваме зошто сме дошле.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Расцепи ја гнилата корупка на трупците.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И заплива полека во тоа, а неговата тврда корупка, што ја имаше и тој, како и секоја семенка, околу својата свест, почна сега да се отвора со една речиси неосетна спорост, низ која сепак имаше токму онолку, колку што му беше потребно простор за да се подаде и да поникне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Неисчешлан, со неизмиени заби и облечен во стари зелени тренерки, ги грабна кесите што се прелеваа од корупки јајца и мирисаа на паштета, ја отвори вратата и симнувајќи се по скалите ја здогледа неа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Пред пролетна икона клекната чунким Ѓупката ги кршеше корупките мразни за да видела како цутат качунките во снежно бели вазни.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Во последните дваесет и четири часа имав чувство дека е потребно да направам само мал напор и конечно да се откачам од својата корупка којашто веќе гниеше и можеби веќе ја ширеше наоколу својата реа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Околу неговото тело се препашуваше една врела обвивка и тој ја гаснеше неа со по една рака од тој пепелав снег; студенината на снегот просто го испечуваше по јазикот и по непцата, а по оној кус миг, додека тој се растопуваше, овозможувајќи ѝ некакво задоволство, во устата пак му остануваше една уште потврда корупка жед.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И што не зашиваме во тие амајлии? Козина од мечка, мечка страв - мене не страв, нокте од штрк, корупка од желка, пепел од дрен. 128
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Трчам, се влечкам, ја вадам главата, ја поткревам ко желка од под корупка. Ебати главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како желка што ја пика главата в корупка кога ќе ја чалне некој, а после претпазливо ја вади надвор, иако можеби во тој час напаѓачот стои над неа со кренат стап и чека да ја трасне по глава, така и Пискулиев, по првиот уплав, почна да поднаѕира зад рамената на другарите и да се разгледува по дворот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Мала патека, послана со гнили лански лисја и корупки од буков жир, благо се качуваше угоре.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И кој што ќе фати, вели, срце, корупка, рендаат, вели, а вода и семенки им капат по брадите, по градите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го научи дури да му подрече дека Стојан се слизнал вчера на корупка од тиква и лошо паднал, а самиот излезе уште рано, гледајќи да не се сретне со дедо Ивана.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Поважните настани ги предизвикуваа сивите жители да ги излекуваат главите од своите корупки во кои се таеја како плашливи желки.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Доксим Тренчески ја фрли корупката од тиквата, се почеша под капата и слезе долу, во ќеварот. Ние стоиме, чекаме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но и Калчо сега стануваше поспокоен: се вовлекуваше во себе како во желкина корупка и траеше.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Повеќе