копа (несв.)

Туку ќе видиш некој да копа во земјата, под снегот: бара корења, којзнае што бара.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И копа, длаби, гризе копнежот...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ноќ нема, брег нема и само земјата чедно Копа по мраморот довикувања на селаните по молњи.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Ќе копам додека да се завири вирче, мало огледало, и додека да се видам себе си во него, победите и славите, и сета добродетел моја. Да, мојата добродетел!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Долу се привршуваше и копањето на каналите до самите куќи и изградбата на сопствени шахти во дворовите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сега длетото копа и во теснината се слуша брзото дишење и триењето на телата и рацете.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И таа миризба ми ги копа непцата и ми ја полни устата со танка водичка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И твојот лик да не е кој сега би не подучувал како се совладува времето под нозе што ни копа мислата што ни ја јаде и надешта ја гори.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Иловицата студентите сами си ја копаа на блискиот рид и сами си ја носеа на колички, како што и сами си ја месеа под надзор на професорот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Потоа пак копавме во влажната визба и го баравме влезот на подземниот свет.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ќе ти скокнат право в лице и ќе почнат да копаат низ него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А тоа што немаше ниту трага од некакво копање, никого не го интересираше.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Градот е сив, градот е див во градот се чуствува огромен јаз го газат бездомници и криминалци а градот загаден сите ги голта Се шири смрдеа од ѓубре и стока дрогирана нација плаче за Европа од зградата копа мирис на манџа целото маало во канџа на ганџа
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Земјата била ровка и копањето на каналот било лесно и брзо.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Мирисало на кланици; и навистина најпрвин по скомињава и горчлива реа се почувствувало, потоа можело и да се види дека остра дурија му ја копа утробата на несреќникот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мојата прва тешка физичка работа ми ги загреваше дланките но копав и го следев движењето на мојот постар другар.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Копал ту со едната ту со другата предна нога и се опирал со задните во подготвување да се пропне.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ми се качи ко 'рѓа на железо што се качува и почна да копа, да разјадува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но пролетта копаше во своето дно, го најавуваше летот...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Копа секаде водата и ги стасува и децата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе