здравоживо ср.

здравоживо (ср.)

— Извади од пазувата едно јаболко и ѝ го подаде на снаа му на Ристета, која му прави здравоживо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста од дупката на вратничето од ќералчето го виде Илка кога го даваше здравоживото и го гледа сега кога седна со старците на постелата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Излегува на врата Огнен Ѓорго, а ние ни „помози бог“, ни „здраво-живо“, уште од врата прашуваме за некој што се разбира од ушни болести, што куша за уши.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Каде вака се измачи ти вечерва да не видиш? Му направи здравоживо и Трајко, а бегот седна и се загреа на пламенот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Така, во ова модерно време компотот што нашите баби го испраќаа здравоживо за внучињата, во тегли завиткани со стари весници, се претвори во чај, се разбира без парчиња овошје во него, само вода.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Кај што има чад, има и оган, вели Лазор Ночески, не дојдоа доктурите за здраво-живо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Здравоживо мор Пелгијо, кај гу имаш скриену то нашто кумашинче! го пуштил гласот Танаско, а Пена ја гушка, ја стиска, чиниш сака во себе да ја втера, потоа Пелагија ги гушка нивните деца, ги опсипува со бакнежи, влетува и во прегратката на Танаско, а потоа тоа купче од луѓе и гласови се раширува во дворот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ти не знаеш него, ќе видиш, ама селанец пак селанец, ќе нарачаш в село кој ќе видит тој Ѓуровчето, нека кажит здравоживо од мудурот, нека дојдит право кај мене, ич, жими вера, потамо не велам.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Секогаш кога ќе одеа нашинци во Белград, за да служат војници, или за да работат, или за да се лечат кај тамошните доктори, тој секогаш, скришум од своите, молејќи се никој да не дознае за тоа ги поздравуваше Благуна и Видана и им пушташе, колку за здравоживо, по некоја пара.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
— Повели, невесто, едно здравоживо од старата. Повелете на госје.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На поп Петка му одговори на здравоживото ладно, бидејќи одамна се караа по семејни причини, и му го покажа со глава малиот Крчо со неколку зборови: — Еве, го, го доведу, ама гледај да не го нападиш па оти со мене ќе си имаш расправиа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)