заслужен прид.

заслужен (прид.)

Тоа е убаво и потребно. Тоа е заслужено признание.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Во последнава деценија настана значајна регресија бидејќи силите од десното крило се обидоа да ги присвојат овие заслужени социјални и политички победи.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Комитетите за заштита на човековите права се на заслужена релаксација.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
„Нема поголема неправда од таа: заслужено да очекуваш сочувство а да наидеш на рамнодушност па дури и на злоба.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нему, да признаеме, не му беше лесно: за него сега немаше ни селски празници, ни излегувања на сретсело како некогаш; мораше да седи дома плашејќи се од заслужената одмазада од луѓето кои, ако не друго, сигурно безмилосно ќе го мајтапеа онака како што умеат само селани.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тие за државата си го отслужија своето, си ја добиваа заслужената пензија, на нив повеќе никој не можеше да смета, освен тие на самите себе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Коница и Ноли беа во голема мера заслужни за создавање на албанската држава во 1912 година.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Од секоја свадба, каде што оди сводник, добива по едно рало чевли, и тоа некаде со голема пот заслужени, а овде ќе оди на готова работа, колку „нишан таши“, да не се рече оти зетот сам сводник си бил, што нема да биде лага.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тоа навистина можеше да се случи и ќе беше протест, дури сега сфаќам - дообјасни Стариот писател. – Веројатно сакаше да ми укаже тој делегат дека е смешен ставот за промовирање заслужени поединци од областа на културата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој не ора, не копа, не жние, не врши. Него бегот не може да го псуе на вера и закон, не може да го продаде како другите чифчии, но сепак може да му удри некој и друг дипшик, да го измаскари и да го напади предвреме без да му ја исплати заслужената руга.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во своите мечтаења си замислував дека сѐ еден ден ќе добијам заслужена награда за своето благородство.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Имаше во таа негова запршка разни лути зачини: еден дебел камионџија што се заканува секому што ја оспорува историската вистинитост на неговата вера, еден ѓоа-научник што ги учи децата дека луѓето и диносаурусите се создадени во ист ден, една згодна девојка што смета дека Бог ги мрази педерите, еден пастор што намлатил дебели пари од продажба на своите молитви на ДВД, еден американски сенатор што верува во доаѓањето на Судниот ден кој ќе потепа пола човештво, еден протестантски проповедник што е убеден дека хомосексуалноста е болест, еден рабин што го толкува Холокаустот како заслужена небесна казна за неговиот народ, еден арапски музичар што се залага за верските права на муслиманите вклучително и правото на ликвидација на бласфемичарите, една мајка што ги убила своите деца затоа што Бог така ѝ наредил, еден оџа што попува дека света задача на неговата религија е истребување на неверниците, неколку мормони што веруваат дека луѓето со поинаква боја на кожата се грешни, разни исламски маченици што вршат самоубиствени акции, колони христијански фанатици што паѓаат во фанатичен транс, неколку Евреи што трескаат глава од ѕид, неколку претседателски кандидати што не веруваат во теоријата на еволуцијата...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Арсо сега седи до татка си покрај софрата, чест која се прави само на заслужните и пораснатите луѓе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Заслужени зборови му беа искажани и од многумина вработени во Архивот со кои беше минал долги години заедничка работа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Беа на вечерната прошетка, од нивниот хотел до влезот на населбата, сѐ покрај брегот, по патеката мештаните што ја викаа слоновска, бидејќи по неа шетаа заслужните пензионери додека за возила беше забранета.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Новиот владетел настојуваше да го врати стариот владетел на заслуженото место, ни поназад, ни подалеку од заслугите и вредностите. Но тоа беше тешко да се стори.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А за тоа е главно заслужен вашиот ценет татко, господин Херцог.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Митрополитот читаше од евангелието и зборуваше за земниот прав на секој човек што мора да се врати во земјата, но и за душата која полетува сега кон небесата, за да ја добие таму заслужената награда или казна.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Имено, Арслан бег, кој беше заслужен воин и кому, како на таков, според турските закони, му беше ветен чифлиг некаде во Битолско, не сакаше да се исели од Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од што се плашеле? Бездруго од платеници на суробрадиот Али-бег што не признавал друго воденичарско господарство освен своето: па дури и на оние благолики Турци, наргиличари со среќна насмевка на алахови почитатели што не ја одобрувале неговата алчност, бегот можел да им се одмазди на некој начин; во својот долап со изрезбани арабески во дабово дрво имал пергамент за дедовски и татковски и свои заслуги во кој, со милосливост на султанот Махмуд Втори, се барало од граѓанските и воените власти да му бидат секогаш при рака, не додавајќи ги кон сето тоа легендите за неговите браќа што се истакнале во ликвидирањето на побеснетите јаничари и крџалии и пријателството што го врзувало со секакви мутеселими, кадии, кајмаками, шејови, заслужни бегови; се знаело дека во еден спор и самиот валија, државник и поет и исто толку почитатели на поетите Зати, Фузули, Наби, Вејси, набожно ги допрел со набожниот султански ферман градите, усните и челото и го прогласил неговиот стопан за доживотен праведник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе