заколне св.

заколне (св.)

Откако се заколнавме и рака му бакнавме на владиката кој стоеше пред излезот од црковниот двор, тргнавме да си одиме дома.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Тогаш заколнете се дека ќе го почитувате ова што го чувте.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се шушкаше во училиштето дека жена му го изневерила со некој близок пријател и дека се заколнал дека еден ден ќе ги претепа и двајцата, дека ќе ги убие.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А стопанот, виде не виде, го прежали наивното кученце на кое сѐ му даде и се заколна дека повеќе нема да прибира скитачки кучиња.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Секој ќе треба да се заколне дека ќе се придржува кон сите точки што тој ги предвидува.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Заколни се во мајка дека ќе ги чуваш.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Заклетвата се полага усно со изговарање на овие зборови: „Се заколнувам во честа дека за сето што ме прашуваше судот ја зборував вистината и дека ништо што знаев за оваа работа не премолчив“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По градот - можеби на два чекора од нас - шета слободно подлецот, кој се заколнал дека ќе ја убие вашата ќерка, а кај нас во семејството владее такво спокојство, кај нас се пишува за лебеди, кај нас машината за пишување чука ли чука...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Откако таму ќе ги обучеа колку толку, одново откако ќе ги натераа да се заколнат дека ќе се борат за славата на Србија и на Кралот, ги испраќаа во првите борбени редови.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Те заколнувам, само до мојата момичка да не допре оваа црна приказна!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ми рекоа дека секој роб, пред да стапи во рудничката јама, должен е да се сретне со Мортенија и да се заколне на верност.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И се заколнав: во мавтањето нека ми одлетаат рацете од рамо, но стихови веќе нема да пишувам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Светлокосиот се тргна од мисли и се сврте, го изгледа за миг и рече остро: - Заколни се дека нема никому да кажеш?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Дај боже, сега пролеаната крв да послужи како завет меѓу живите, коишто се должни пред таа крв да се заколнат за една заедничка културна работа, за полза и среќа на нашата заедничка многу напатена татковина – Македонија. *.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не сакам да заборавам, целиот живот ќе се сеќавам на една бела зимска ноќ, на хармонијата и виртуозната слобода на снежните кристали, кога се заколнавме на вечна љубов која ќе трае засекогаш.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Заколни ми се сега за очите дека нема на никого да му кажеш за оваа работа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се молеше Бојана и се заколнуваше со тешки мајчини солзи, неумолива во својата преголема болка за толку рано однесениот маж и непоколеблива во своето решение да го запази синот, својата радост, својот нов живот, да го запази од сите патила што ги носи печалбарскиот живот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се изнамилуваа до наситка, станаа, се измија на изворчето, поручаа и се напија студена водица и се заколнаа еден без друг да не умират.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Излегувајќи за последен пат од дуќанот на својот светијован плукна на прагот и се заколна да не стапне веќе во него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Заколни се дека без таа пушка ти е тешко.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе