заздрави св.

заздрави (св.)

Таа наскоро се претвори во вистинско катче за рехабилитација на болни кои заздравуваа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Поминало подолго време, опавчето на малото маченце заздравело но останало голо.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Времето врви, а раната никако да заздрави. Ми се нафрлија некои зрнца, некои меури. Почна и гној да збира, да скапува месото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кај повеќето од нив не заздравуваа раните и покрај досегашното лекување.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во таа чудна суводолица, ни рана на заздравување, ни болка, ни спомен на болка, во сета нејзина издолженост, до работ на острата вилица, лежела зимска модрина на истинато месо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Требало да се најде начин за враќање на дадените капитали, а и за заздравување на турското стопанство - што било услов за натамошно вложување и рентирање на капиталот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Мислам дека е ова мое последно писмо, бидејќи раната ми заздраве и чекам да ме пуштат. Чекајте ме мили мои... Ваш син Наќо“.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А Загорка Пеперутката тврдеше дека гипсот не ѝ е ставен за да го потпомогне заздравувањето на коските. Таа немала ниту една коскена скршеница.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Утредента селанецот нѐ поздрави со тага во детски раширените очи: - Одам... Лекарот вели дека заздравела раната.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И одвај дочека да заздрави, па да се врати во колибата, во својата планина, во својата осаменост.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
33 Професорот Фред рецитираше: „... и кога стана, нашиот предок ја одвои муцката од земја, па таа се исуши и заздрави.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Заради покаченото ниво на шеќер, заздравувањето одеше забавено.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
ГАВРИЛ: Крварам. Засолни ме некаде додека заздрави.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)