забава (ж.)

На луѓето пак, како на вистински кучкини синови, им успева, како во забава, како во игра, со лес, да ме држат не со нив, на нивно рамниште, туку на растојание, и да остават нивните осила да ги осетам од подалеку.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Оваа шанса за работа за неа беше повеќе како забава, бидејќи многу го сакаше модниот занает и светот на кој тој занает припаѓаше: боите, новите форми на моделите, текстурите на штофовите, деталите на чевлите, накитот, украсите во косата, движењата на манекените, атмосфера на припремата, изненадувањата кои се случуваа на секоја ревија, динамиката на работата која во себе носи големи тензии но со тоа и нови плодови на креацијата.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Наеднаш, кога Балот сосема испари од сферата на неговото интересирање, негде попладнето, кога дефинитивно беше објавен денот на одржувањето на оваа забава секретарката Јованка влезе во канцеларијата со поканата в рака и тоа држејќи го пликот поткренат над градите, речиси допрен до нејзините розови усни.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Потоа среќавав а сега многу добро познавам и такви поединци на кои гревот им служи за пријатна забава и убав помин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За сите чија што главна забава е провинцискиот панаѓур и возење на рингишпил како најубава од сите можни убави забави.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Музиката и желбата за забава ги бришеа овде бргу разликите меѓу луѓето дојдени од сите страни на светот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И двајцата добро знаеме на која жена мислиме само јас отскокнувам кај неа љубопитен и на вишини навикнат не можев да си замислам толку еднолично и неразонодено суштество рамна снага рамен говор несовршенството ме предизвика потсвесно, како што обично се вели правев трикови за забава на народот покажував нови мустри шарпи шешири шпилови стапчиња топчиња кутивчиња бели гулаби за бела магија создавав драмски штимунг го извлекував резервниот маж последниот џокер од мојот долг од што е дупнат џеб, немав време за колебање носев кружна насмевка - рингишпил на лицето каде јас, таму таа!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
За прошетки и забава избираше места и друштва каде сигурно знаеше дека нема да ја сретне.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Луѓето во него препознаа интелегентна забава и можност во слободното време да се едуцираат.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Почнуваше од првиот поглед пред хотелот Куба на матурската забава преку првиот допир на рацете во паркот зад стадионот, до бакнежот што траеше вечност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа е оној стар патор, мултимилионер кој што својот базен го наполнил со зелени долари и омилена забава му е да плива во нив.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Исто така ѝ стана јасно - неговите родители очекувале дека ова поврзување на нивниот син со туѓинката ќе биде обична забава.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ја исполни чувство на живост, и тоа ѝ влеа чувство на забава и желба да трча и да скока, како што правеше кога беше мало девојче.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сѐ уште сакав да верувам дека сето тоа е игра и забава на извртените трговци со ништо.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
На вечерната забава, оние кои уште во автобусот го фрлија мамецот ја чекаа својата вистинска шанса.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Душата на Александар му се наполни со дотогаш за него непознато чувство, страв од грандиозноста на балот, самозадоволство што е повикан на најважната приватна забава во земјата и презир кон нејзините гости.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Куклите видоа не видоа, побегнаа во некои други агли на дискотеката барајќи си сопствена забава.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Само така можеме да разбереме дека некои ја негираат масовната култура и забава во име на 'високата култура' со подеднаква непопустливост како и Црквата што некогаш ја осуди таа иста култура во име на „светата вера“, и дека на моменталните успеси им го даваат за пример бесмртниот Racine и Monteverdi и при тоа ризикуваат тие великани да ги осамат во царството на совршеноста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На крајот овие две другарки ја поканија на ведра забава, а не на исповед.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нирвана уз пиво у кофа Мушката забава и занимација се дели на активна и пасивна.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Повеќе