доблест ж.
доблестен прид.

доблест (ж.)

Погледнете ѝ во очи на осамата Погледнете ги слабоста и мааната Посакајте ги совеста и доблеста Не е животот чаура тесна Ниту енигма за вас прелесна Улогата ваша никогаш до крај не е доиграна Не поклонувајте се пред време Завесата сѐ уште не е спуштена Сѐ уште не сте спремен Да чекорите без трема Да излезете од закоравената лушпа Во која со векови се дреме...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Среќна сум што сум се родила во такво рајско место, и по изгледот и по доблестите на мештаните тоа место навистина наликува на рај.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Пчелата на доблеста го одбира цветот, таа не слетува на секој цвет: го распознава по мирисот и бара доблест само од разумен човек, затоа што таму ја има, кај разумните луѓе.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога телото се движи или мирува, околу него како невидлива светлина го грее обвивката на неговата духовност – продолжи да зборува старецот. – Таму се наоѓаат сите негови доблести и негативности кои ја наградуваат неговата телесност.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Немањето на таа доблест бара многу труд и умостегање, за да се привлече вниманието кон втората вредност.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Овде ретко кој умее да го прескокне јажето на нацијата и патриотизмот и да се затекне во Доблеста која веќе нема никакво национално или патриотско алиби коешто, ете, во „кризни времиња“, ѝ дозволува да се заборави, то ест да биде употребна доблест на оваа или онаа нација.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тој има вкус за доблест. Продолжува да оди по патот на кој стрчат острите врвови на младите тревки, не плашејќи се да се пробијат меѓу збиените камења.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Не знаеше дека, кога мажот се жени, дозволува во неговата внатрешна доблест, другото битие да биде можен инструмент на повреда на таа доблест.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ќе имаат ли доблест некои од нашите творци за некое од изнедрените дела, некогаш да кажат дека не било начинето согласно законот, всушност, дека го создале прикривајќи се?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кон крајот на романот, ќе биде регистриран еден детаљ, којшто можеби немал такви претензии, но ќе ги надвјаса највисоките човекови доблести и тоа во едни времиња и простори преполни со црнила: „Шишман, седнат над еден камен покрај својот братучед Србо, а некаде меѓу езерото и Пелистер, ја извади матарката од појасот и со ножот почнува да гребе по задлабената страна.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тогаш болката на иронијата ги напаѓа, ја стега утринската надеж, им се остварува судбината тие да немаат доблест во мигот на надојдената небиднина.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога ова ќе го разбереш, тогаш ќе ја достигнеш највисоката доблест – самоодрекувањето.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Пример за висока доблест додека не влезеше во казино, коцкарница.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во своите нови молитви, духовникот се заблагодаруваше за неповторениот божји дар, од името на сите спасени, завршувајќи ги молитвата со зборовите: „Твојот слуга Хрисостом од длабочината на душата Ти благодари што Го почести да го почувствува слаткиот вкус на победата на Доблеста над секоја овоземна припадност”.  Во свеченостите на островот, владиката и градоначалникот учествуваа години потоа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дури и сега, јас сум сосем свесен за тоа, ти се држиш за својата болест, верувајќи дека таа е доблест.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Секој од нас исполнет со чувство на љубов, среќа, радост што ни ги подари без тронка грижа на совест... јас станувам роб на моите сништа, и доблести...што животот ми го прават како бајка со среќен крај...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Топографски симбол на политичкиот живот во античкиот грчки град-држава е агората, главниот градски плоштад, каде што граѓаните ја практикувале својата граѓанска доблест преку директна дискусија за прашањата од заеднички интерес.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Твојот пат е твојата светост.  Твојот пат сочинет од име и идентитет и другите подзаборавени потценети распродадени за туѓ ќеиф, по сопствена вина - доблести и добра сега и материјалните територијалните егзистенцијалните  сѐ за да бидеш и никој, и ништо и да се рассееш по светот БЕСТРАГА, НЕВРАТ ЏЕНЕМ, ПО ЃАВОЛИТЕ надвор од јазикот...  Но твојата трага - длабоко втисната тетоважа на светот - не е само твоја.  Не скршнувај од својот Дом народе мој!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Оваа максима на нашиот соговорник му се чинеше премногу патетична: „Од искрената самоизолација не треба да се прави никаква доблест.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога светот стои во место кога лудаците остануваат на престол кога тешко се стига до вистината стиховите ја мрдаат жабокречината Кога доблеста знае да кризира и душата со чемер тетовира кога љубовта знае да девалвира вистината на хартија се гравира Проклетници одземаат живот ѕверовите се грабаат за имот лудаците го убиваат мирот стиховите сведочат на листот Лудаците сепак умираат ѕверовите во пекол заминуваат карактери и луѓе се менуваат а стиховите на лист остануваат
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Повеќе