глувост ж.

глувост (ж.)

Се плашел дека може да дојде период на апсолутна глувост и дека нема да може да слушне ниту едно од своите дела, а желбата да постигне што е можно повеќе пред да дојде тоа време, сигурно била голема.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Наближувањето на глувоста, исто така, било доста поврзано со неговата зголемена активност.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Пред него се отворала голема иднина, која, сепак, во голем дел ќе доживеела пресврт поради неговата наближувачка глувост и другите физички заболувања.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Но, оваа несреќна ментална рамка не може да се припише само на приближувањето на глувоста или на која било само физичка болест.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Се колнам, тој ги победи мувите. По смртта на ѕвонарот, домот повторно потона во онаа позната глувост.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Дебелите камени ѕидови, доскора постигнати од тешка глувост, ја прошмукаа уличната врева.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Веќе беше доцна ноќ и домот тонеше во онаа позната глувост, - се чинеше, смртта тука одамна е гостин и дека тука се изгубил и последниот зрак на живот. Сите ние сме мртви, сенки.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Јас и денес треперам кога ќе видам детски домови, сѐ уште мислам таму е таа глувост, таа неподвижност, таа штама.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Гледаш со половина окце, повеќе го чувствуваш тој мир, таа чудна промена. Општа глувост.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ако остане дома, знаеше што го чека - бескрајното и неуморно чекање на мајка му во осамената куќа, наизмерната глувост на секаква, добра или лоша вест, за исчезнатиот татко; неговото бесмислено шлаење низ градот без секаква цел, изненада или задоволство.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Проклет да бидам, смртно ме исплаши таа глувост. Водата веќе беше влезена во мене, се колнам, таа беше голема, најголема.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тука бил човек чии мисли се преточиле во прекрасни тонови-слики кои оркестарот требало да ги прикаже.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
И се топеше во глувост на длабока мирна вода... И е здодевно. Зошто е дојден овде?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Да беше напишана од некој друг, јас со радост ќе го заземев местото на големиот тапан, бидејќи сите ние бевме поттикнати од чувството на патриотизам и желбата да им се користи на оние кои толку многу се жртвуваа за нас“.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Фон Фримел го привлекува вниманието на бурите со прашина кои се карактеристика на Виена.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)